АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поскапи тарифата на такси превозот во Битола. Стартот со пресметан еден километар ќе чини 60 денари, за секој следен километар ќе се плаќа 25 денари. Чекање од еден час ќе чини 300 денари. Претходно цената на старт чинеше 30 денари плус 20 денари за километар.
Одлуката за поскапувањето беше донесена на седница на Совет, а како образложение беа посочени поскапувањата на горивото, резервните делови, поскапата регистрација за лиценцирани возила, недостигот на возачи, нелојалната конкуренција и друго..
„ Порано беше старт и километар 30 и 20 значи 50 денари, а сега ќе чини 60 денари оти и стартот е влезен за еден километар. Поскапувањето на три километри е две најлончиња од маркет да ги купите. Се соочуваме со недостаток на возчаи, колата не може да работи две смени, работи една и ние како сопственици возиме по 10 до 12 саати на ден за да стигнеме да исплатиме некои од трошоците. Работиме 28 до 30 денови во месецот за да ги платиме давачки, меѓу кои и фирмарини зашто во сите други градови се ослободени од фирмарини , а ние плаќаме. Се сложивме да нема ноќна или празнична тарифа. Но, по старите цени не можеме да опстоиме. Допколку не се почитуваат нашите барања, ќе мора фирмите да ги затвориме и да бидиме диви“, рекоа од Здружението на лиценцирани такси превозници на денешната седница на Совет.