АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Над 600 кубни метри насипан материјал е исчистен од реката Драгот со последната акција на ЈКП Нискоградба на делницата од Сали Мостот до Железнички Мост.
-Екипите на ЈКП Нискоградба работат на потегот од Сали Мостот до Железнички Мост во населбата Кланица каде се извадени 600 кубни метри насипен материјал од коритото на реката Драгор. Нашата цел е реката да се исчисти во целост во градската средина. Така што по оваа акцијата ќе се чисти од Сали Мостот до мостот кај судовите и потоа од судовите до Црн Мост каде не ќе биде потребна којзнае каква интервенцијата бидејќи на овој потек веќе еднаш е исчистено во последниот период, потврди за апла.мк директорот на ЈКП Нискоградба, Методи Силјановски.
Вкупната сума која Општина Битола ја издвои за годинешното чистење на реката Драгор изнесува три милиони денари.