АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Екипите на ЈКП „Нискоградба“ денеска се на терен, а така ќе биде цела ноќ со цел комплетно да се исчистат од снегот улиците од прв и втор приоритет, како и регионалните патишта кои водат до селата во Битолско. Засега по улиците низ Битола фрлени с епо 10 тони сол и исто толку ризла.
-Во текот на целиот ден работиме на улиците од прв и втор приоритет да бидат чисти, нашата механизација на дел од сообраќајниците поминува и по неколку пати , бидејќи врнежите од снег се интензивни, а улиците треба да бидат чисти и пристапни и за возачите и за граѓаните. Во текот на денот ги исчистивме и патиштата кои водат до селата во рамките на Општина Битола. Вечерва и за време на ноќта ќе се исчистат комплетно сите улиците во градот од прв и и втор приоритет. И утре ќе се чисти и ќе се посолува, изјави за Апла.мк директорот на ЈКП „Нискоградба“, Методи Силјановски .