АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Актерот од Битолскиот театар Петар Мирчевски, е еден од годинашните добитници на државната награда „11 Октомври“, највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес, објави Министерството за култура. Наградата ќе ја добијат и академик Љупчо Коцарев и писателот и ликовен уметник Димитри Дурацоски.
Мирчевски, еден од доајените на Битолскиот театар и најангажиран актер во македонските филмови, тој ќе ја добие наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври во Собранието.
За театарскиот живот на легендарниот битолски актер Петар Мирчевски Апла.мк објави интервју на почетокот на оваа година од еден поинаков агол.