2win800x200

500 вреќи отпад собрани во акцијата за чистење од страна на административците во Битола

Декември 14, 2019

Над 500 големи вреќи со отпад беа собрани во денешната масовна акција за чистење во Битола.

По препораките од Владата на Република Северна Македонија, денешната работна сабота да се искористи за чистење. Административните работници од Битола масовно се вклучија во акцијата на повеќе локации во градот. Покрај вработените во Општина Битола и јавните претпријатија од градот, на терен во чистењето учествуваа и вработените на подрачните единици на сите државни институции.админ3

Акцијата, чиј носител е ЈП „Комуналец“, се одвиваше на три главни пункта: зад паркингот кај Новиот пазар, во просторот зад Градската библиотека и во населбата Карпош. Екипи на „Комуналец“ ги обезбедија учесниците во акцијата за чистење со нараквици, вреќи за ѓубре, опрема, а потоа со нивните возила го отстрануваа собраниот отпад.админ 4

адмионр5

На наведените локации, во фреквентни места од градот, можеше да се најде секаков вид на ѓубре, вклучувајќи употребени детски пелени, алишта, па дури и домашни кујнски предмети. Денешната акција, која е уште една во низата на акции спроведени годинава за почиста Битола, нека претставува мотив повеќе за сите жители, да ја чуваат животната средина и отпадот да го фрлаат во соодветно поставените корпи и садови низ градот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани