2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Миротворки кои го помагале цивилното население во Битола во Првата светска војна

Декември 14, 2019

За Солуна, За Стамбола Неа Не Давам... (Неделна Рубрика)

 

Градот се распаѓал под ударите на гранатите, а отровниот гас со цијановодородната киселина лебдел над земјата, сеејќи смрт на сите страни. Дневно паѓале стотици гранати, гинеле и по 300 невини битолчани. Во еден ваков страдалнички амбиент во Битола за време на Првата светска војна, посебно во периодот од крајот на 1916 до мај 1917 година, кога градот бил скоро секојдневно бомбардиран, низ урнатините останало да живее само она цивилно население кое немало каде да побегне.

Во таквиот пекол една група на хумани луѓе си ги ризикувала животите за да им помогне на бедното, болно, прегладнето население кое живеело во страв и ужас. Холандскиот доктор Хенри ван Дајк, неговиот помошен персонал меѓу кој и извесна медицинска сестра Вестероф, Британката Кетрин Харлеј, американската мисионерка Мери Метјус се само дел од хуманите луѓе кои им помагале на цивилното население околу кое секојдневно паѓале бомби и рушевини.

Среде рушевини отвориле болница

-Холандија била неутрална земја во војната, а бидејќи се граничела со Германија, Владата му забранила на Црвениот Крст да испраќа мисии било каде. Но, холандското население решило дека тоа е невозможно, па основале комитет за помош во кризните подрачја. Спорвеле медицинска мисија во која биле вклучени двајца доктори, девет медицински сестри меѓу кои и еден медицински брат- вели холандскиот историчат Џон Стинен.

Меѓу лекарскиот персонал од Солун во Битола допатувал пожртвуваниот и храбар лекар Хенри ван Дајк заедно со уште шест медицински сестри. Од Холандија за мисијата испратиле 200 кутии кондензирано млеко, 10.000 завои и две амбулантни возила.

-Кога решавале дали да имаат мисија тука, имале доста тензии со властите зашто сметале дека е многу опасно за нив како цивили да бидат во градот. Прво доктор ван Дајк дошол да ја провери ситуацијата и тие четири дена биле единствени денови кога немало бомбардирање. Потоа ги донел и сестрите, но се соочиле со постојано бомбардирање на градот- вели Стинен.

Отвориле болница во Битола со главна цел да се лекуваат цивили. Зачувани се фотогрфии од тоа време на докторот со помошниот кадар и пацинети, меѓу кои има и повредени деца од бомби. На една од фотогрфиите него му помага извесна медицинска сестра Вестерхоф за која се смета дека била првата жена од Холандија која дошла во медицинска мисија на овие простори. Се смета дека услуги од болницата ползувал и Арчибалд Рајс, швајцарски форензичар и публицист, кој како учесник на Солунскиот фронт документирал многу настани од воената голгота, а пред да почини побарал по смртта срцето да му го извадат и однесат во црквичката на врвот Кајмакчалан.

Жени шоферирале и поправале амбулантски возила

Холандската медицинска мисија се обидела да му помогне и на британската мисионерка Кетрин Харлеј која била погодена од шрапнел од авионска граната на 7 март 1917 година во Битола. Но, без успех. Таа била многу хумана жена, сестра на Џон Френч, командант на британските сили во Франција и Белгија за време на војната. Во Солун стигнала во 1915 година, а согледувајќи ја потребата за брз, безбеден и удобен транспорт на ранетите, одлучила да оформи транспортна амбулантна служба. Се вратила во Англија да обезбеди пари и материјали. Покрај средства што ги собрала, привлекла и други жени кои за да помогнат станале шофери и механичари.HUMANITARKATA KOJA ZAGINALA VO BITOLA KETRIN HARLEJ OD VELIKA BRITANIJA

Според записите на српскиот доктор Жарко Рувидиќ, тешко ранетите на фронтит во тоа време се евакуирале со лесни санитетски автомобилски возила од мисијата на госпоѓите Харлеј и Бенет. Тој запишал дека „малите амбулантни фордови доаѓале секое утро да ги земат тешко ранетите, без разлика на временските услови и по заобиколни патишта, жените шофери совесно ја извршувале должноста. Во составот на албулантата биле жени од високи англиски и шкотски кругови.

Откако во 1916 година сојузничките сили ја зазеле Битола, а бугарско-германската војска се повлекла во околината, од каде го бомбардирала градот со месеци, мисионерката Хралеј одлучила својата мисија да ја префрли во градот. Во јануари 1917 година дошла во Битола заедно со ќерката Едит со цел да организира исхрана на граѓанството. Била толку храбра што не ја заплашувале ни бомбите кои паѓале секој ден врз градот.

Шрапнелите не ги избегнувале хуманитарците

За жал, на седми март 1917 година за време на чајанка во куќата каде била сместена додека на гостите им зборувала за нејзините идни планови, била погодена од шрапнел од артилериска граната. Ја погодил по главата, по што лекарска помош и пружиле медицинските лица од холнадската мисија, но било предоцна. Се верува дека на чајанката кајнеа била и американската хуманистака Мери Метјус, соработничка на познатата американска мисионерка Мис Стон. Госпоѓа Харлај со највисоки почети била погребана на воените гробишта Зејтинлик во Солун.BITOLA PRVA SVETSKA VOJNA 768x503

Балканот во тоа време бил крстопат на многу лекарски мисии некои помалку , а други повеќе познати. Но, ретко кој од нив имал храброст да престојува во Битола, поради честите болбардирања, од каде се влечат и корените на името град страдалник. Она што плени е храброста, солидарноста, пожртвуваноста на овие хумани луѓе кои среде тоа воено лудило на убивање и приграбување туѓи територии, имале улога на миротворци.

Ж.Здравковска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани