АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Деветтоодделенецот Михаил Јанакиевски, ученик во ОУ „Даме Груев“ од Битола, е првонаграден натпреварувач на on line меѓународнот нaтпревар за деца од 10 до 14 години, кој се одржа под мотото „Откачени научници“ Women science teachers".
Михаил на овој online натпревар учествуваше со т.н. електронски „сончоглед“, под менторство на наставничката Валентина Степновска. Се работи за уред со кој се врши зголемување на ефикасноста на коефициентот на искористување на сончевата енергија на фотоволтаичниот панел, односно да се создаде уред за пратење на Сонцето.
- Целта на овој натпревар беше да се нагласи колку е важна улогата на младите во полето на науката. Правилото за натпреварот беше да се направи експеримент поврзан со STEM, да се даде краток опис на експериментот и да се направат слики и видео поврзани со истиот. Горди сме што имаме вакви деца-научници што вршат достојна промоција на своите достигнувања, училиштето, градот и нашата земја, велат ОУ „Даме Груев“ од Битола
Резултатите од натпреварот беа објавени на страната на Women science teachers на 23 април, при што Михаил беше прв од тројцата наградени натпреварувачи