2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Како се калеше челикот во 2017 година?

Декември 29, 2017

(Настаните кои ги одбележаа изминатите дванаесет месеци)

 

Јануари 2017 година

-Во екот на грејната сезона пет дена со ред  производството во РЕК Битола се одвиваше со една третина од капацитетот, поради хаварија  на  третиот блок во  комбинатот. На среде грејна сезона, ЕЛЕМ увезуваше  струја што ја чинеше  државата околу 2 милиони евра.

-Битола беше окована во снег и мраз, 300 граѓани се повредија  при пад на лизгавите улици и тротоари, а една третина се здобија  со скршеници на рацете или нозете

Февруари 2017 година

-Два тима истражители по вторпат влегоа во РЕК „Битола“ заради предистражни постапки поврзани со предмети кои произлегуваат од прислушуваните материјали.

Март 2017 година

-Беа објавени фрапантни резултати од истражувањето во проектот „Терамед“, што го реализираше  Факултетот за биотехнички науки дека депонијата на која се одлага пепелта во РЕК Битола е на граница да биде прогласена за депонија на радиокативен отпад. Беше објавено дека прашината што се разнесува од депонијата го загадува воздухот низ цела Пелагонија, во Битола, а загадувањето доаѓа и до Пелистер. Со тешки метали загадена е и почвата околу РЕК Битола.

-На  интернет страницата на Бирото за јавни набавки  беше објавен оглас за снимање на документарен филм за развојот на Битола од 2005 до 2017 година, период што ги опфаќаше   трите  мандатина  градоначалникот Владимир Талески. За оваа намена од општинскиот буџет беа планирани над 8000 евра, но по жестоките реакции во јавноста, Општината се откажа од постапката за прибирање понуди

Април 2017 година

-На панихидата  по повод 115 годишнината од смртта на Методија Патчев, што  се одржа на неговиот гроб во  село Кадино, владиката Петар откако  го испеа опелото, ја запеа „Послушајте патриоти“, заедно со членови на неколку патриоски здруженија кои со знамиња беа дојдени на гробот. Митрополитот  рече  дека неговата постпака нема политичка заднина, иако претходно со дел од свештенството присуствуваше на протестите на иницијаивата „За заедничка Македонија“. 

-Престана со работа каменоломот над Битола. Концесионерот, фирмата „Стентон градб“ одлучи да запре со ископ на гранит во месноста Билбил Камен на регионалниот пат Прилеп-Битола-Ресен,  две недели откако  општинскиот инспекторат , му изрече забрана за работа и и глоба затоа што немаше Б интегирана  еколошка дозвола.

Мај 2017 година

-Кривични пријави за загадување на животната  средина против   генералниот директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицковски и менаџерскиот тим на РЕК Битола, до битолското Основно обвинителство поднесе  здружението „За нас се работи“.  Активистите побараа  кривична одговорност  за  нестандардизираното одлагање на радиоактивната пепел на депонијата во комбинатот,  што ја загадува околината и предизвикува опасност за животот и  здравјето на луѓето во Пелагонискиот регион. 

-Специјалното јавно обвинителство  влезе  во битолската Клиничка болница каде проверуваа документација поврзана за тендер што пред неколку години го распиша Министерството за здравство за набавка на медицинкса опрема. 

Јуни 2017 година  

Општина Битола одби да издаде Б еколошка дозвола на концесионерот „Стентон градба“ за експлоатација на гранит во каменоломот кај месноста Билбил камен, во непосредна близина на градот. Како образложение се наведе тоа што не е  спроведена постапка за оцена на влијанието врз животната средина, иако концесионерот  претходно тврдеше дека ги има сите потребни документи.    

Јули 2017 година

Поради пожар што изби во РЕК „Битола“, првиот блок беше исклучен од производство, а еден од вработените со повреди заврши на болница. Пожар изби и на ридот Кркардаш, кој редовно се потпалуваше во изминатите седум години, а виновниците не беа фатени.

Август 2017 година

-Се обелоденија документи дека Владимир Талески имал продукција за филм во периодот додека заговарал Битола да стане филмски град. Заврши годинешното издание на битолското културно лето „Бит Фест“ без да се објави во јавноста транспаретна информација колку пари беа потрошени.

Септември 2017 година

-Со саксии и цртежи се блокираше улицата „Прилепска“ по најавите на Општината дека ќе го сече паркот стар 40 години  за да се изгради кружен тек кај поранешната Ветеринарна станица, а на текот ќе биде ставен споменик на Александар Турунџев. По протестите на граѓаните, проектот беше ставен во мирување, а споменикот до денес остана во дворот на Општината.

-Јавноста беше заплашувана дека во Битола ќе се отворат прифатни центри и ќе се градат станови за мигранти. Тогашната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ на седница на Совет изгласа одлука за распишување на референдум по ова прашање. На седницата се појави и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и изјави дека  локалната власт шири ксенофобија.

-Избувна пожар на Пелистер. Битолчани се самоорганизираа и активно учествуваа во гаснењето на огнот. Кога тогашниот градоначалник Владимир Талески им доделуваше благодарници, битолчанецот Иван Чулакоски го посипа со пари во јавноста познати како „транспортерки“ и го искритикува дека како локална власт не беа кадарни да го изгаснат пожарот.

Октомври 2018 година

На локалните избори што се одржаа на 15 октомври Битола за првпат во својата историја доби жена за градоначалник. Наташа Петровска од СДСМ ги доби изборите освојувајќи 33 133 гласови од вкупно 83.692 гласачи во општината или 59,77 проценти од излезените гласачи. Ова се сметаше за историска победа зашто дотогаш ни еден кандидат за градоначалник не успеал да освои повеќе од 30 000 гласови. Мнозинството во советот го доби коалицијата предводена од СДСМ.

-Екс градоначалникот Владимир Талески новата градоначалничка ја дочека на црвен тепих.

Ноември 2018 година

-Градоначалничката Наташа Петровска соопшти дека во Општината наследила долгови околу 13 милиони евра и дека ќе треба да се работи две до три години за да се покријат долговите. За Денот на градот, 4 –ти Ноември наместо коктел парите беа донирани во хуманитарни цели, односно во Центарот за аутизам.

Декември 2018 година

-Во јавноста излегоа фотографии и снимени материјали за лошата состојба со средното Медицинско уличиште во Битола со руиниран инвентар, школски помагала, уличници со искршени врати...Општината соопшти дека битолските училишта должат 4,5 милиони евра.

-Со одлагање започна судскиот процес против екс градоначалникот Талески во Основниот суд Битола во кој е обвинет за несовесно работење во службата зашто не ги презел сите неопходни мерки за да го заштити лустерот и објектот на Офицерскиот дом..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани