2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Со папараци снимка се наклевети Црвениот Крст дека поткупува гласачи

Јуни 07, 2020

Со папараци снимка направена од балкон во зграда во Битола, анонимни лица ги обвинија службите на Црвениот Крст кои носат помош за социјално загрозени семејства дека вршат поткуп на гласачи. Снимката е направена во Битола на улица „Кочо Рацин“. Објавена е на фејсбук под насловот „Скандал, поткуп на гласачи за време на полициски час на улица Кочо Рацин во Брусничка населба“.

На снимката се гледа возило со ознаките на Црвен Крст и лица облечено во црвено, каква што е и униформата на волнотерите во оваа организација, како делат паќети на една жена, а потоа заминуваат. На оваа улица се наоѓаат зградите со социјалните станови.

Додека се дели помошта, некој снима од спротивната зграда и коментира дека се врши „поткуп на сиромашни граѓани во полициски час со мрсна сала од мелен зајак со помонат рок“. Дел од коментарите се искажани со акцент како што зборуваат Ромите, веројатно затоа што во зградите од споротива каде се носеше помош живеат Роми.

„Еве за време полициски час, Битола, Кочо Рацин, во живо, Зајко салама комерц. Саламата посна е, зајачка? Ееее, кој ќе легни затвор? По затворите се лежи за ова. Ете така, вршиме поткуп на сиромашни граѓани. Пакетчиња свети зајко, чекај да го снимиме џипот, таблицата да се види“, коментира снимателот на снимката.

Потоа, го снима знамето од Вергина кое се вее на балконот од каде што снимаат и продолжува да коментира „ете ова го продадовме за два паќети салама , за убо да е, да се омрси народот. Се кориости полицискиот час за поткуп. Мрсна салама од зајак мелен.“

Видео материјалот беше објавен на некои анонимни портали кои немаат ни импресум, анонимни исто како и снимателот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани