2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

15 годишна битолчанка- државен првак во куглање

Јуни 16, 2020

15 годишната Тамара Талевска ја врати надежта дека од Битола, исто како и порано, можат да се создадат таленти за куглање. Таа е државен првак во кадетска категорија во куглање на последното Државно првенство што се одржа во мај, минатата година во Скопје. Иако кугланата во Битола се реновира, таа продолжува со тренинзи за да ја задржи кондицијата и вештината. Кугланата со реновирањето ќе добие сосема нов европски изглед, а крајниот рок за изведба на работите е во април в година, но ќе се направат обиди да се заврши до Нова година за да кугларите можат да ја фатат престојната сезона.

„Ова ми е втора година како тренирам, а веќе освоив прво место на Државно првенство. На него ја имавме нашата клубска конкуренција и уште една натпреварувачка од Скопје, конкуренцијата беше силна. За време на школската година трениравме два до три пати, а преку лето четири пати плус трчање во паркот. Спортот за мене значи искажување на самата себе, вложување во нешто што многу го сакам и ми значи. Почнав да тренирам кога почна проектот ‘Кугламе и сме среќни’ пред две и пол години. Сите започнавме да кугламе на шега и за дружење, но со текот на времето расте љубовта“, рече Тамара Талевска за Апла.мк.

Битола е град со кугларска традиција од минатото и целта на Кугларскиот клуб „Пелистер 1982“ е повторно градот да стане центар на куглањето.

-Јас сум репрезентативец во Македонија, ете и од стариот клуб, од повозрасните имаме репрезенти за врвни натпревари, се надеваме дека реновирањето на кугланата во многу нешта ќе ги смени работите и Битола ќе стане центар не само регионален туку и државен натпревар за куглање. Четири години работиме со млади кадети, деветтоодделенци. Секоја година четири месеци овозможено им е да кулгаат бесплсатно, а откако ќе се направи кугланата повторно ќе воведиме бесплатната обука зашто куглањето е урбан начин на живеење. Во Германија спорт број еден не е фудбалот, туку куглањето“, рече Пеце Димовски, тренер во КК „Пелистер 1982“.

При последниот увид на реконструкцијата на кугланата градоначалничката Наташа Петровска   рече дека важно е градбата да биде завршена побрзо поради спортистите, затоа што „имаме државен првак, но ние не се задоволуваме со тоа, до меѓународно ниво сакаме да стигнеме“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани