Блиц интервју со Силвана Ангелевска: „Секогаш ја гледам позитивната страна на животот“

Јуни 29, 2020

Блиц интервју со Силвана Ангелевска, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица. Ангелевска по професија е доктор по технички науки, 26 години професор на Техничкиот факултет во Битола, предава по предмети на отсекот индустриско инженерство и и менаџмент од областа на квалитет и одржување. Автор е на повеќе научни трудови и истражувања. Таа е потпретседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола и беше претседател на Советот од 2012 до 2017 година. Сопруга и мајка на две деца. 

Апла- Кажете ни на кратко за Вашето битолско потекло, имате ли предци кои придонеле за Битола?         

Ангелевска- Родена сум во Битола, пред половина век. Моите родители потекнувааат од битолскиот крај и како млади се преселиле во Битола. Потекнуваат од скромни, работнички семејства, но животот понекогаш знае да биде многу суров, двата родители ми починаа на многу млади години, татко ми на 39, мајка ми на 50.

Апла-Што Ви го исполнува слободното време?   

Ангелевска- Слободното време го поминувам најчесто во негување на мојата градина. Ме исполнува кога се грижам за цвеќињата, тогаш се чувствувам релаксирано, опуштено. Исто така имам домашно милениче, златен ретривер кој се вика Тоби и уживање во денот е да поигра со него.куче

Апла-На кои мигови од животот често се навраќате?

Ангелевска -Во животот сите имаме моменти на кои со радост се сеќаваме, но и моменти кои би сакале да ги ставиме некаде во некоја папка во меморијата, и поретко да ги вадиме оттаму. По природа сум оптимист, со позитивна енергија, па затоа се навраќам во најголем дел на позитивните мигови од животот, студентските денови, деновите кога запловив во брачните води, кога станав мајка...

Апла-Што беше пресудно да ја изберите оваа професија?

Ангелевска-Отсекогаш сакав да работам со деца, со млади, да ги едуцирам, да го пренесувам моето знаење. Но, знаете, во животот не може се да се планира на долг рок, потребни се многу фактори кои ќе ве насочат на одредена патека во животот.

Апла- Омилен настан од кариерата и настан кој ви паднал тешко?

Ангелевска -Сигурно најомилен настан во кариерата ми беше моментот кога ја одбранив докторската дисертација. Мојата професија ме исполнува и не се сеќавам на некој посебен момент кој ми претставувал некоја потешкотија. Кога пристапувате на професијата со љубов, не постои нешто што ќе ве поколеба.

Апла- Кое е мотото на Вашиот живот?

Ангелевска- Секогаш гледај ја позитивната страна на животот!семејство

Апла-Имате ли хоби? Како ги полните батериите?

Ангелевска-Моето омилено хоби е слушање музика. Уште како ученичка собирав текстови од песни, кои сеуште ги чувам. Во тој период тоа беше навистина предизвик, зашто текстовите морав да ги наоѓам од музички списанија, и тоа сеуште го правам, но денес е многу поедноставно. Омилен жанр ми е рок музика, Bon Jovi, Guns and Roses, Muse…

Апла-Која книга ви е омилена и зошто?

Ангелевска- Мој омилен автор е Виктор Иго, а најомилена книга „Ѕвонарот на Богородичната Црква во Париз“. Оригинална приказна за љубовта, омразата, љубомората и судбината.

Апла- Дали доколку станете пратеник би заминале од Битола?

Ангелевска- Никогаш не би заминала од Битола, ова е мојот град со кој се гордеам и никаде не е поубаво од тука.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани