2win800x200

Мало летно кино под илјада ѕвезди во Битола

Август 18, 2020

 

Со комедијата „Добре дојдовте во Германија“ вечерва на косото плато под службениот влез во Центарот за култура во Битола почна со работа летното кино. 

„Работевме интензивно последниот период на техничко решение за летно кино и вечерва ја имавме првата проекција. Мало летно кино, на една од најдрагите локации во нашиот објект, на косото плато под службениот влез на Центарот за култура и Малата сала. Баравте кино под илјада ѕвезди во Битола, ние успеавме да ја исполниме желбата на битолчани“, велат од Центарот за култура.

 

Проекциите продолжуваат и следните денови во зависност од временските услови. Капацитетот ќе биде ограничен на околу 50 посетители, а цената на влезниците ќе биде по симболична цена од 100 денари.  Филмските проекции ќе бидат реализирани по здравствените протоколи, меѓу кои на посетителите ќе им биде мерена телесна температура, задолжителна ќе биде дезинфекцијата на раце и носењето на маски. Билетите за проекциите ќе се продаваат пред почетокот, на принципот „прв дојден, прв услужен“. Проекциите ќе започнуваат во 20:30часот. Во репертоарот ќе бидат вклучени наградувани европски филмови од познати режисери, вклучивме и листа на комедии кои што на публиката ќе им овозможат пријатно расположение и мала пауза од секојдневието, како и филмови за најмладата публика.  Реализацијата на проекциите ќе зависи од временските услови, а репертоарот ќе се објавува на неделно ниво, при што секој ден ќе се прикажува нов филм. 

Утре, среда 19.08.2020 година, ќе се прикажува оскаровецот „Паразит“ а во четврток 20.08.2020 г. уште една комедија „Брит Мари беше тука“- филм кој е снимен по истоимената бестселер книга. Проекциите ќе бидат во работни денови и ќе траат се додека има поволни временски услови за реализација, а нова филмска програма ќе се објавува секоја недела. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани