2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Петар Грашо и Жељко Бебек со видео повик ве покануваат на концертите во Хераклеја

Август 19, 2020

„Драги мои пријатели одвај ги чекам 21 август во Охрид и 22 во Битола, едвај чекам да се видиме да пееме сите заедно, ве сака Бебек!“ Ова е видео-пораката на Жељко Бебек, еден од најпрепознатливите вокали на култниот ју-бенд „Бело дугме“,  кој во сабота од 21 часот ќе одржи концерт во Хераклеја во Битола. Концертот е во организација на Авалон продукција, а поддржан е и од Општина Битола. 

Авалон Продукција ги објави следните мерки на кои присутните ќе мора да се придржуваат:

➡️ Задолжително се дезинфицираме при влез и излез, како и во текот на концертните настани на соодветните места поставени за дезинфекција.

➡️ Задолжително се мери температура при влез на концерт.

➡️ Одржуваме физичка дистанца при влез и излез, како и физичка дистанца во просторот каде што се одржува концертот.

➡️ Задолжително носиме заштитни маски. Без маска нема да биде дозволен влезот.

➡️ Доколку некој нема купено билет, а сака да биде присутен на концерт, одржуваме физичка дистанца пред билетарата.

„Ајде да се потрудиме сите заедно да ги направиме пристојни овие летни денови во Охрид и Битола, со што барем малку со почитување на мерките од новата нормала ќе ги доживееме убавите моменти со музика како што беше во старата нормала“, порачаа од Авалон продукција. 

Исто така преку видео- порака се обрати и хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо кој утре настапува во античкиот локалитет Хераклеја. Тој рече: „Драги пријатели, многу сум среќен дека се гледаме во Битола на 20-ти август во прекрасниот простор на Хераклеја. Ќе направиме еден акустичен концерт и се разбира ќе ги почитуваме епидемиолошките мерки. Ќе се забавуваме, пееме и уживаме. Се гледаме Македонија!” Концертот е со почеток од 22 часот. 

Од Општина Битола соопштија дека со финансика поддршка, застана зад одржаните концерти на Камерниот оркестар на Битола, Амира Медуњанин и Дарко Рундек, каде публиката присуствуваше во максимално дозволен број според пропишаните правила и протоколи. Понудената квалитетна концертна понуда, не остави никого рамнодушен, а таква атмосфера се очекува и за закажаните концерти на Петар Грашо и најпрепознатливиот вокал на култната група „Бјело Дугме“, Жељко Бебек. 

„До крајот на сезоната следуваат уште културни изненадувања, кои ќе ни помогнат да го пребродиме сивилото на пандемската криза со ковид-19“, велат од Општина Битола. 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани