2win800x200

Љубов во време на корона, тема на фото-изложбата „Со љубов за Битола“

Август 19, 2020

Осмото издание на изложбата со “Со љубов од Битола” ќе биде отворено за посетителите на 20.08.2020 година, четврток со почеток во 20,00 часот во фоајето на големата сала на НУ Центар за култура во Битола. Изложбата се состои од 31 фотографија, од кои 25 фотографии од 23 автори селектирани од страна на стручното жири во состав: Далибор Митковски , Кети Талевска и Петар Тасевски.

„Оваа година „Со љубов од Битола“ ја раскажува приказната за љубовта во време на корона, темата која им ја зададовме на учесниците на конкурсот. Преку 25-те фотографии авторите создадоа едно визуелно сведоштво за времето и животот кој поминува заедно со него и сите оние нешта кои се сега поинакви. Оваа наша приказна немаше да може да биде раскажана на овој начин доколку заедно со нас во нејзината релаизација не се вклучи НУ Центар За Култура Битола и Министерството за Култура на Република С.Македонија кои го ставија под закрила овој проект кој веќе осум години ја раскажува приказната за Битола. Генерален спонзор на осмото издание на “Со љубов од Битола” е Сава пенсизко друштво А.Д. Скопје. Благодарение на нивната поддршка ќе доделиме награди на трите најдобри фотографии кои се симбол на љубовта во време на корона. Се е поинакво отколку лани но основната смисла на нашата изложба останува иста. Заедно со фотографите проефесионалци и аматери ние создаваме дигитален споменик за битисувањето на нашиот град и ја праќаме пораката 'Со љубов од Битола'“, вели Диоген Хаџи Коста Милевски од Центарот за Европска интеграција и развој, организатор на манифестацијата. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани