2win800x200

Во Битола 16 сантиметри снег, „Нискоградба“ на терен

Февруари 26, 2018

Битола утрово осамна со снежна покривка од 16 сантиметри и уште во текот на ноќта во првите шест часа од снежните врнежи, ЈП „Нискоградба“ ги исчисти улиците од прв и втор приоритет.  

-Исчистени се улиците од прв и втор приоритет уште во текот на ноќта, а подоцна и приградските населби. Напочеток беа посипени ризла и сол , а откако наврнаа над десет сантиментри снег ја вклучивме целокупната механизација на претпријатието, изјави Методи Силјановски, директор на ЈП „Нискоградба“ во Битола,  за апла.мк.

 

Претпријатието од ланската година располага со залиха од 50 тони сол , а нешто повеќе и на ризла, додека пак, годинава набавени се и нови количини од 100 тони сол, што според Силјановски, ќе биде доволно за справување со евентуално нови врнежи од снег.

-Во просек во една зима како јавно претпријатие трошиме околу 300 тони сол и околу 150 до 200 тони ризла. Околу одржувањето на патиштата е ангажирана и фирма подизведувач. Имаме дежурна служба која будно ја следи состојбата во градот 24 часа, вели Силјановски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани