2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

„Нискоградба“ со еколошко средство го топи снегот на Широк Сокак

Февруари 13, 2021

За првпат во Битола  со еколошко средство, кое го топи снегот додека паѓа,  е испрскан Широк Сокак. Екипите на ЈП „Нискоградба“ активностите ги започнаа рано утрово, а овој начин   се покажува како ефикасен  во овие први часови од снежните врнежи. Од ЈП „Нискоградба“ велат дека нанесување на ова средство во услови на снег  ќе  се применува во иднина  на главната битолска улица, која е најфреквентна пешачка зона. 

-Во раните утрински часови екипи на КЈП Нискоградба во соработка со општина Битола изврши нанесување на еколошко средство против мрзнење и наталожување на снег долж Широк Сокак нешто што ќе стане пракса и во иднина како замена за сол и ризла на најубавата улица во градот и околу сите витални институции во градот, соопштија од Нискоградба.

Директорот на ЈП Нискоградба, Методи Силјановски за апла.мк вели дека засега е задоволен од ефикасноста на ова средство,  што го покажуваат и неколку фотографии направени претпладнево

-Намената е да го топи снегот што паѓа, а се нанесува пред да врне, но и после врнежите, а исто така се нанесува и на мраз. Во овие први часови од почетокот на врнежите утрово, задовлни сме од ефектот, ќе видиме како ќе биде понатмау, доколку врнежите се пообилни, рече Силјановаки. 

 

фото шс1

фото шс2

 

 

Исто така, од ЈП Нискоградба информираат дека механизација е на улиците низ целиот град каде се врши нанесување на сол и ризла како превенција за најавените обилни врнежи од снег.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани