АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Познатиот и реномиран српски неврохирург проф. др. Лукас Расулиќ , кој има потeкло од Битола, ќе биде почесен конзул на Р.С. Македонија во Златиборскиот округ во Србија.
Според извори на апла.мк македонското МНР веќе испрати до српското МНР барање за согласност проф. др. Расулиќ да биде назначен за Почесен конзул на Србија во општина Чајетина (Златибор), каде ќе се отвори и Конзулат. Конзуларна надлежност на Почесниот конзул ќе биде Златиборскиот округ што ги опфаќа општините Чајетина, Ариље, Бајина Башта, Прибој, Пријепоље, Сјеница, Ужице, Пожега итн.
Д-р Лукас Расулиќ е професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Белград и раководител на Одделот за хирургија на периферни нерви и функционална неврохирургија на Клиниката за неврохирургија при Клиничкиот центар на Србија.
„Професор Расулиќ има објавено повеќе од 400 научни публикации во меѓународни и национални научни трудови во индексирани списанија и поглавја во научни книги. Учествувал на над 80 меѓународни курсеви и обуки, поканет говорник на над 100 национални и меѓународни конгреси, состаноци и симпозиуми, организатор на повеќе од 40 национални и меѓународни конгреси, состаноци и симпозиуми и активен учесник на 175 меѓународни и национални научни состаноци – научно учество“, пишува во биографијата на проф. д-р. Лукас Расулиќ објавена на веб-страницата на Европската асоцијација на здруженијата на неврохирурзи (ЕАНС), каде што се наведува дека е и претседател на српското Здружение на неврохирурзи, претседател на Неврохируршкото друштво на Југоисточна Европа, индивидуален член на Европската асоцијација на невролошки хирурзи - ЕАНС итн.
Инаку, проф. д-р Лукас Расулиќ, има мајка битолчанка, па често е во посета на Битола кај своите роднини и пријатели. Познат по неговата хуманосот и ангжман за помош за лекување на наши сограѓани на клиники на поранешните ЈУ простри