Почина Коста Хаџиантоновски, таткото на Битолскиот „Монмартр“

Март 13, 2021

На 86 годишна возраст денес почина творецот на Детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“, Коста Хаџиантоновски. Беше истакнат ликовен педагог и Битола ја впиша на светската карта на ликовната уметност. „Малиот битолски Монмартр“, традиционална меѓународна детска ликовна колонија започна да ја организира од 1982 година, притоа образувајќи го и  Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола. По негова иницијатива Колонијата се одржува во Битола секоја година од 23 до 30 мај. На оваа манифестација учествуваат ликовни таленти од Европа и светот на возраст од 5 до 14 години. Напоредно со неа се одржува и Големата детска изложба на која пристигнуваат детски цртежи од целиот свет. Со изложби „Монмартр“ гостуваше на Летните олимпијади во Сиднеј 2000, Атина 2004, Пекинг 2008, Лондон 2012 и во Рио де Женеиро. Воспоставувајќп добрп односи со уметниците од Хонг Конг, беше еден од заслужните што ликовната колонија се прошири и на азискиот континент. 

Погребот ќе се одржи утре, со опело во црквата „Свети Димитрија“, а потоа Хаџиантиновски ќе биде погребан на Светонеделските гробишта . 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани