2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Хористи од Изрaел со песна ја исполнија Општина Битола

Март 10, 2018

Хор составен од ученици од Израел денес со песна ја исполни Општина Битола. Хористите ѝ испеаја израелски песни на градоначалничката Наташа Петровска, а потоа додека траеше нејзината средба со амбасадорот на Израел, Дан Оријан, учениците се собраа во ходникот на општинската зграда и таму продолжија со репертоарот. Нивните нежни гласови се разнесуваа низ општинските ходници, а на крај им се придружи и амбасадорот Оријан, па заедно го испеаја симболичниот рефрен од познатата песна од Мајкал Џексон „We are the World“..

28958842 356616294821743 1827717891089235968 n

Хорот е дел од гостите што од Израел се вклучија во одбележувањето на 75 годишнината од депортацијата на битолскиоте Евреи.

„Она што го сакаат младите генерации е обединет свет, свет кој ќе отвори перспектива за нив, за напрадок од секаков аспект, мир и човечки вредности. Им се заблагодарив и им кажав дека со нивната песна го допреа моето срце и нивната топлина ја покажа нивната намера, само љубов низ целиот свет“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Израелскиот амбасадор Дан Оријан изјави дека со градоначалничката разговарале за понатамошната соработка меѓу двата народа која ја вклучува и Битола. Тој ги повика битолчани да се вклучат во утрешниот Марш на животот што ќе се одржи во спомен на депортираните Евреи од Битола.

Со Маршот на животот се очекува да се вклучени над 2.000 лица, а преку него Битола до светот ќе испрати порака за мир и космополитизам. Програмата автентично ќе го долови депортирањето на Евреите пред 75 години. Кобниот момент ќе го најават сирени во 12 часот, по што маршот ќе тргне по Широк сокак се до Железничката станица, каде Евреите своевремено биле натоварени во вагони и пренесени до привремен логор во Скопје, а потоа до логорот на смртта Треблинка во Полска, каде биле егзекутирани.

По овој настан, во Паркот на живите сеќавања на Еврејските гробишта во Битола свечено ќе биде отворена Ерусалимската патека. На комеморативна церемонија ќе бидат поставени камчиња за сеќавање на 793 семејства од Битола - жртви на холокаустот.

„Младите од Израел ќе ги прочитаат сите имиња на над 3000 Евреи од Битола кои беа однесени. Ќе имаме и мали камења на кои учениците ќе ги напишат имињата на луѓето кои беа убиени“, рече амбасадорот Оријан.

Македонската делегација ќе ја предводи претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери. Свои обраќања ќе имаат и: министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, заменик министерот за одбрана на Израел Рабин Елиаху Михаел Бен-Дахан, Васил Доганџиски, претставник на Еврејската заедница на Република Македонија, генералниот директор на Меѓународниот марш на животот, Ахарон Тамир, градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, шефот на Сојузот на парламентарните пријателства во Кнесетот на Израел, Зохер Бахалул, координаторот на проектот за ревитализација на еврејското минато и уредување на Еврејските гробишта во Парк на живите сеќавања, Марија Герас Дочовска и д-р Рахел Шели Леви Друмер, член на Еврејската заедница на Република Македонија.

Комеморативните активности ги организира Општина Битола и Здружението АРХАМ.4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани