2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Општина Битола покрена постапка за одземање парцели во Жабени и на други места каде не се испочитувани роковите за градба

Април 06, 2021

Општина Битола и Јавното претпријатие „Жабени“ поведоа судски постапки за одземање на парцелите од страна на лица кои ги купиле пред повеќе години, а не ги испочитувале законските одредби да изградат индустриски капацитети во предвидениот рок. Лицата кои се воделе како потенцијални инвеститори до денес ништо не изградиле, го купиле земјиштето по едно евро за метар квадратен, а им се нуделе и намалени комуналии. Оваа кампањата беше спроведена за време на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се привлечат инвеститори и и да се намали невработеноста во Битола.

„Од менаџемнтот на ‘Жабени’ ми беше одговорено дека скоро сите парцели се купени. Но, на терен освен трите каде ‘Кромберг и Шуберт’ има градено, другите не започнале со градба. Општина Битола и ЈП ‘Жабени’ веќе повеле постапки за одземање на парцелите кои им беа дадени по багателни цени, кои не беа јавно обелоденети, а се работи за лица со високи партиски функции од поранешната власт. Ги завзеле и ги злоупотребиле за во јавноста да кажат дека ќе донесат уште 30 други иневститори, а наводно се работи за 20 тини чиновници кои завзеле парцели и досега една тулла не поставиле“, рече советникот Борче Корлевски на седницата на Совет која беше одржана вчера на 5 април.

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница кога се носеа извештаите за работи и завршните сметки за јавните претпријатија ја напуштија расправата откако побараа да се зборува само за здравствената состојба во Битола, а не им беше прифатено.

Градоначалничката Наташа Петровска потврди дека Општината покрена постапка за одземање на парцели во Жабени и на други места низ градот купени пред повеќе години за да се инвестираат инсудстрики капацитети, а до сенес не изградиле ништо.

„Во различни делови од градот се купени пацели, во Жабени и други делови, кои се обврзани согласно законските одредби да почитуваат одредени рокови и за почетокот на градбата и за динамиката на градење. Општината поведе постапка онаму каде законските одребди го наложуваат тоа, за враќање на парцелите. Некои од нив се во тек, како ќе завршат зависи од други инстанци. Општината е таа што бара, но конечниот збор околу завршницата го имаат други другите инстанци“, рече Петровска.

-Интересен е составот на имиња на оние кои поседуваат парцели во Жабени. Имиња на луѓе кои биле блиску до власта и ги имале податоците кои парцели , какви поволности имаат, кога би биле пуштени во продажба, како би биле искористени. За мене е важно што побрзо да ослободам дел од парцелите , да овозможам развојна компанента на истите, а другото го оставам други инстанци да го кажат својот збор како што словото на законот говори-, Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани