2win800x200

Исчистени патиштата за осум битолски села

Декември 11, 2021

Зимската служба од утрово е на терен, соопштија од Општина Битола. На подрачјето на поранешната општина Цапари, досега наврнаа околу 25 сантиметри снег. КЈП Нискоградба и нивните подизведувачи со соодветна механизација, како дел од зимската служба на Општина Битола вршат расчистување на снегот. Во моментот на терен се чисти со два камиони со посипувач и нож, ровокопач со нож за снег и еден трактор со нож за снег. Доколку биде потребно, во текот на денот ќе бидат ангажирани дополнителни екипи со соодветна механизација.

Со досегашната интервенција на екипите на зимската служба, исчистени се патиштата во селата Ѓавото, Лера, Рамна, Српци, Доленци, Цапари, Ротино и Маловишта.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани