2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Општините Новаци и Битола со најсакапи новогодишни пакетчиња, плаќале од 1370, односно 1050 денари за пакетче

Јануари 14, 2022

Најскапи пакетчиња, како и претходната година, и сега купила Општина Новаци, по 1.377 денари за едно пакетче. Меѓу институциите кои купиле најскапи пакетчиња,  спаѓа и Општина Битола по цена од 1.050 денари. Денес, 14 јануари 2022 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на трошоците на државните институции за новогодишни пакетчиња за Новата 2022 година.

 

Во веста стои дека за разлика од откажаното украсување на градовите и општините за дочекот на Новата 2022 година, државните институции ја продолжија практиката на купување новогодишни пакетчиња за децата. За оваа цел се потрошени 72 илјади евра.

линк до база на договори за набавка на новогодишни пакетчиња за 2022

https://opendata.mk/Storage/Excel/Baza%20na%20podatoci%20za%20paketcinja%202022.xlsx

Тендери за купување на пакетчиња за новата 2022 година имале 20 институции, додека други 37 институции купиле пакетчиња без примена на Законот за јавните набавки бидејќи вредноста на набавките била помала од илјада евра - колку што изнесува вредносниот праг под кој не важи Законот за јавните набавки. Сепак, и некои од институциите што спровеле тендер набавиле пакетчиња за помалку од илјада евра, но решиле тоа да го направат со примена на Законот за јавните набавки поради поголема трнаспарентност.

Вкупната сума пари потрошени за пакетчиња за новата 2022 година изнесува 72.571 евра, но се очекува оваа вредност да биде уште поголема имајќи предвид дека некои институци се уште ги немаат објавено договорите и вредноста на потрошените пари за оваа намена.

На повеќе од две третини (68 %) од тендерите за набавка на новогодишни пакетчиња била добиена само по една понуда, на помалку од една третина од тендерите имало по две или три понуди. Меѓу фирмите од кои се набавувани новогодишните пакетчиња убедливо води Колид од Колешино од каде се купени една четвртина од пакетчињата.

Најмногу пакетчиња, 3.274 купила Општина Кавадарци, иако со пониска поединечна цена. Блиску, според бројот на купени пакетчиња е и Општина Прилеп со 3.030. Најскапи пакетчиња, како и претходната година, и сега купила Општина Новаци, по 1.377 денари за едно пакетче. Вкупно најмногу пари за пакетчиња, односно околу 10.000 евра потрошил Град Скопје.

Некои институции купиле по неколку видови пакетчиња, поевтини и поскапи. Меѓу институциите кои купиле најскапи пакетчиња, покрај Општина Новаци спаѓаат и Општина Битола по цена од 1.050 денари, Град Скопје по цена од 973 денари, М-НАВ по 853 денари и Министерството за одбрана (МО) по цена од 840 денари. Просечната цена што институциите ја платиле за едно новогодишно пакетче изнесува 566 денари.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани