2win800x200

Крајот од проектот „Кугламе и сме среќни“ кој во Битола траеше четири месеци, предновогодишно свечено беше прославен со ревијален натпревар во Битолската куглана во присуство на гости, познати лица, поддржувачи, новинари, спонзори кои заедно куглаа со младите битолски куглари во осум  тимови.

„Кугламе и сме среќни“ е проект во целосна реализација на ЗГ „Нови перцепции“ од Битола. Се работи за афирмирање на кугларскиот спорт во Битола и Битолско кој ќе трае од 10-ти септември до крајот на календарската 2018 година.

 ЗГ „Нови перцепции“ оваа активност ја реализира во соработка со Општина Битола, Општина Могила, Општина Новаци и кугларскиот клуб „Хераклеа“ - Битола.

Проектот овозможува бесплатно да започнат да куглаат 400 ученици кои во учебната 2018/19 година запишале 9-то одделение во основните училишта од трите Општини под надзор и тренерска работа на искусни кугларски тренери од Битола. Сите активности на учениците, вклучувајќи ги тренинзите, обуките, турнирите, гостување во Скопје ќе бидат во целост покриени од страна на ЗГ „Нови перцепции“.

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани