АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Оптимистички прогнози доаѓаат од статистичката анализа за сосотојбата со КОВИД-19 на професорот од Техникиот факултет во Битола, Дејан Трајковски, кој вели дека експоненцијалниот раст нема повеќе забрзување, туку преминува во линеарен.
Со нула новодијагностицирани и 3 затворени случаи (сите оздравени) денеска во Битола, бројот на активни случаи бележи благо поднамалување (зелената линија на првиот дијаграм), наведува во својата математичко статистичка анализа професорот од Техничкиот факултет во Битола, др. Дејан Трајковски.
Во Битола продолжува смирувањето на корона-кризата. Забележуваме експоненцијално опаѓање на дневниот број на дијагностицирани, а црвената линија на првиот дијаграм ја опишува оваа тенденција, наведува во својата математичко статистичка анализа професорот од Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски.