АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Албанскиот претседател Илир Мета денес во Општина Битола беше дочекан на црвен тепих од страна на градоначалничката Наташа Петровска.
Со средстава од ИПА фондовите за прекугранична соработка ќе се реконструра Музејот на албанската азбука во Битола. Според Бурим Керими, советник од ДУИ во Советот на Општина Битола,објектот ќе се реконструра во надворешниот дел, фасадата, но и внатрешноста на објектот. Средствата за оваа намена се движат околу 300 000 евра.
Овој четврток на маратонска седница на Совет ќе бидат разрешени досегашните членови на сите Управни и Надзорни одбори во јавните претпријатија, Управните одбори на градинките, на јавните установи, како и Училишните одбори во централните и подрачните училишта во Битола.
Неколку недели се работи на санација на свлечиштето на обиколницата над Битола и во зависност од временските услови таа треба да биде отворена за сообраќај до крајот на месецот.
Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, за учество на „Битфест 2017“ на спортскиот клуб „Будо центар Пелистер “, чии тренер е Ѓуро Илиќ, неговиот шеф на кабинет му исплатил 5 илјади евра, односно 300 000 денари.
Центарот за култура во Битола, десно од главниот влез постави железно скеле за санација на ламперијата на покривот од објектот, каде што се гнездеа диви гулаби. Но за жал неколку дена изведувачот „заборавил“ да ја обезбеди локација,
Зелено светло даде Советот на Општина Битола во градинките да се дозволи формирање на воспитни групи со поголем број на деца.Во Битола има две јавни установи за претшколска возраст со 14 градинки, во кои се згрижени близу 1800 деца.
600 000 евра општински пари потроши претходната локлна власт предводена од екс градоначалникот Владимир Талески за изградба на киното „Манаки“ на Широк Сокак, а до крај не го заврши проектот, па киното сѐ уште не е ставено во функција.
Матеја Стефановска, Марија Марковска и Ангела Каранфиловска се младите ликовни амбасадори на малиот битолски Монмартр, кои денеска ги добија наградите за своите ликовни дела од учеството на Меѓународниот детски ликовен натпревар "Лидице 2017" во Чешка. Дипломите и наградите лично им ги донесе амбасадорот на Република Чешка во нашата држава, неговата екселенција Мирослав Томан.
Има ли шанса Битола да добие систем за централно греење од РЕК-Битола? Ова е нова можност која се отвора по средбата на премиерот Зоран Заев со делегација од германската КФВ банка за подршка на развојни проекти, предводена од Кристоф Дискенс, директор на групацијата за Југоисточна Европа и Турција.