АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Река вода се слева во дворот и по скалите во средното техничко општинско училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола, најверојатно заради пукната водоводна цевка.
Во Могила своето право на глас до 17 часот го освариле 49,30 проценти од 5554 запишани избирачи. Сите 23 избирачки места утрово во општина Могила беа навреме отворени.
Денес Могила и Новаци избираат градоначалник. Во овие две пелагониски општини има прегласување во вториот круг од локалните избори, откако во првиот не успеаја да изберат кој ќе ги води во следните четири години.
Битола е еден од градовите од внатрешноста која дала најголем број на новинари, камермани, фоторепортери и други медиумски работници. Тешко е да се утврди точната бројка, но се проценува дека низ битолските медиуми до денес поминале околу 250 медиумски работници.
Кругот на општинската зграда во Новаци, од синоќа е излепен со изборни плакати на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Лазар Котевски.
Партиски митинг во салата во општина Могила одржа синоќа ВМРО-ДПМНЕ за поддршка во вториот круг на изборите на Стево Пивковски, кој тврдеше дека е независен канидадат.
Пивковски, срдечно го пречека и се поздрави со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Грувески, кој, на истото место, пред четири години, во кампањата за локалните избори го нарече преварант. Синоќа заедно им се обратија на могилчани и ја побараа довербата од нив.
ЕЛЕМ започнува со преземање на мерки кои во иднина ќе го намалат загадувањето на животната средина, а на компанијата ќе и ја донесат долгоочекуваната А- интегрирана еколошка дозвола. Во таа насока денес во РЕК се одржа презентација на проект за десулфуризација од страна на експерти од кинеската компанија „JET inc“.
По повод 25 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Словенија, денеска, словенечка делегација предводена од Амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбец и министерот за Словенци во странство од Владата на Република Словенија, Горазд Жмавц беше во посета на општина Битола. Делегацијата и претставници на словенечкото здружение „Триглав“ од Битола, се сретна со градоначалничката Наташа Петровска, која е и првата официјална средба што се оствари откако Петровска ја презеде функцијата градоначалник.
Клучот од општина Битола денес заврши во рацете на новата градоначалничка Наташа Петровска. Симболично, по влегувањето во градоначалничкиот кабинет, и го даде екс градоначалникот Владимир Талески. Овој клуч не само што ја отклучува општинската врата, туку е и вреден сувенир кој се доделува по втор пат во историјата на градот. Првиот клуч беше направен пред десетина години и подарен на француската општина Епинал по повод 40 години од збратимувањето со Битола.
На црвен килим новата градоначалничка Наташа Петровска, беше пречекана во општина Битола.