АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот, извршил контрола врз 1303 возачи и возила и констатирале дека низ градот се вози над максимално дозволената граница.
При контролата, констатирано е дека 110 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, 23 возачи управувале без возачка дозвола.
Кај 11 возачи е откриено присуство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај исто така 4 возила биле технички неисправни и истите се испратени на технички преглед. Писмено опоменати се 26 возачи ,а на 161 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 52 прекршочни налози. Исто така при контролата откриени се и други 42 видови останати прекршоци.