АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Патеките од влезот на поранешната Касарната во Битола, од кај улицата „Партизанска“, па се до ридот со старите авиони, несовесни граѓани ги претвориле во мини депонии. Во добар дел од теренот е исфрлен градежен шут, додека пак рекреативци покрај патот расфрлиле пластични шишиња, отпадоци од храна и што ли уште не. Улиците во старата касарна се асфалтирани целосно, а помалите пристапни улици се послани со бехатон плочки, но неосвените граѓани пешачејќи во овој дел од ридот загадиле се покрај патот.