АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Испишани и исчкртани ѕидови со недолични содржи и пораки во кои доминира говор на омраза осамна утрово фасадата и дворот на ОУ „Св. Климент Охридски“ во Битола. Непознати сторители буквално се изживувале над ѕидовите и прозорците вдолж целата фасада, а ги унаказиле и дел од прозорците од училниците.
Со реакција се јави Општина Битола, од таму најостро ги осудуваат вандалските натписи на ѕидовите од ОУ „Св. Климент Охридски“ во Битола, во кои се користи говор на омраза, недоличности, а истовремено се уништува фасадата на училиштето.
-Ваквиот вандалски чин претставува деградирање на моралните вредности, имајќи во предвид дека станува збор за образовна институција, во која што учат деца од основното образование на возраст од 6-14 години.
Во рамките на своите законски надлежности, Општина Битола ги поддржува релевантните институции во откривањето на сторителите во најбрз можен рок. Воедно, локалната самоуправа апелира на повисока морална свест, со цел да не се поттикнува говор на омраза и да не се уништуваат објектите во градот, реагираат од Општината.