АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вчерашната сообраќајна несреќа во Преспа во која загина едно лице, а три се тешко повредени, се случилна на магистралниот пат Ресен Битола, кај месноста викана „Лебара Жито“
Во несреќата учествувале патничко моторно возило „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(65) од Прилеп и патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.В.(42) од селото Грначари, Ресенско.
„Во незгодата починала сопатничката во патничко моторно возило „астра“ Р.Р.(62) од Прилеп, додека со возило на итна медицинска помош во Клиничка болница Битола биле пренесени возачот Р.Р., неговата малолетна сопатничка од Прилеп и возачот на другото возило Ѓ.В., на кои од доктор им биле констатирани тешки телесни повреди“, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.