Нормализирано водоснабдувањето во Могила по големиот дефект на водоводната мрежа, информираат од ЈП "Водовод"

Октомври 14, 2021

Јавното пртетпријатие Водовод го санираше големиот дефект на водоводната мрежа во Могила, по што синоќа водоснабдувањето е нормализирано

 
-На  12.10.2021 (вторник) околу 08:00 часот, по дојавата во SCADA системот  за зголемена потрошувачка на вода на цевководот кон Општина Могила, каде водоснабдувањето се врши преку цевковод со дијаметар Ф250, екипите на ЈКП Водовод Битола се упатија на терен и започнаа со откривање на дефектот. Поради лошите временски услови, постапката која треба да се запази при празнење и повторно полнење на цевководот, откривањето на дефектот и неговата санација траеше до 02:40 часот наредниот ден (среда-13.10.2021), по што следеше нормализирање во водоснабдувањето, информираат од Водовод.
 
Вчера  на истата траса, околу 11 часот се случи уште еден дефект, така што повторно се работеше на санација на новиот дефект и истиот е одстранет  синоќа околу 22,30 часот.
 
-При санацијата на дефектите несебична помош добивме и од екипите на ЈКП Пела Хигиена при Општина Могила, кон кои упатуваме голема благодарност. По однос на настанатата ситуација и прекинот на водоснабдувањето им се извинуваме на месното население на Општина Могила и веруваме во нивното разбирање за нашиот пристап и временските неприлики во кои се изведуваа сите активности, информираат од Водовод
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани