2win800x200

07.02.2023 МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-15 Попова Шапка, -13 Берово, -12 Крушево, -11 Маврови Анови, -9 Битола, -8 Охрид, -7 Крива Паланка, Штип, Виница, Прилеп, Претор, -6 Демир Капија, Куманово, -5 Струмица, -4 Скопје-Петровец, Тетово, -3 Скопје-Зајчев Рид, -2 Гевгелија, Дојран.  
 
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА 
Сончево со мала до умерена облачност, претпладне во северозападните делови променливо облачно. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4 степени.
 
Извор: УХМР
 
 
 
 

Невообичаено силен звук проследен со светлина забележаа битолчани ноќеска нешто пред 4 часот.

На оваа појава и претходеше силен ветер, а  татнежот многумина ги разбуди од сон, затоа што таков звук често се случува при земјотреси. Но, не е регистриран потрес во тоа време.

Некои  од граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека  станува збор за силни грмотевици. Други пак дека првпат гледаат ваков феномен додека врне снег да удираат громови. 

Оваа појава е регистрирана на  безбедносна камера, а видеото е поставено на Јутјуб каналот everyday things

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани