2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ВКОЧАНЕТО МАЛОГРАЃАНСТВО

Мај 31, 2020

Пишува: д-р Александар Литовски, историчар

 

Паниката и стравот пред новото е чиста филистарска предрасуда. Прогресот постои од почетокот на светот. Светот не би можел да „застани“ дури и кога нашиве прости религиозни фундаменталисти и неписмени малограѓани би не вратиле во средновековието.Но, овај страв, оваа паника од новото, од „другиот“, од поинаквиот, што во време на пандемијата особено дојдедо израз, е добра подлога за секој политички антихуманизам, милитаризам, фашизам и десничарски конзервативизам.

Скоро сите наши малограѓани се отворени противници на прогресот. Тие живеат врз основа на начелото quieta non movere. Тоа значидека за нив ужасно страшно е да се доведе во прашање постоечката ситуација. Преплашени се од можноста да се променат општествено-политичките односи и сили. Тие би сакале да го вкочанат времето, би сакале да се живее „сопствениот мал живот денес и овде“, да се заработи, најаде, напие и прошета, да се исклучат големите претензии, да не се има грижа за другиот освен како озборување и завидување. За нив одамна изминатото време, времето на фалангата, комитите и беговите е единствено достојно да биде впишано со златни букви во историите на нивниот град и државаЗатоа, малограѓаните секојдневно папагалски ги преповторуваат „легендите кои ги научиле и кои, според нив, мора да се прифататод сите како догматски вистини.

Впрочем, нашите големи малограѓани и ситни буржуи, вплеткани во својата глупост и идиотско-религиозните предрасуди, страшно се воодушевуваат од старото, античкото, руралното, фолклорното... Затоа тие, без никакво двоумење, би го претвориле градот во еден музеј на отворено, музеј составен од безбројни скаменети градби и артефакти од историските, наводно, „славни денови“. Всушност, сведочиме дека во нашиот град аверзијата кон модерното, кон современото, се трансформирала во ментален склоп. Ова одбивање да се фати приклучок со модерните урбани трендови, ова малограѓанско воодушевување од ориенталното и античкото, само зборува за ниското интелектуално и културно ниво на денешното „староградско пучанство“.

Инаку, оваа замисла за фолклорна петрификација на просторот и времето, таа џиновска апсурдност која ја претставуваат како „нешто неопходно на градот“еедна смешна претераност и невозможна мисија. Сета таа лажна срцепарателна историска приказна мириса на застоена мувла во нашата провинцијална малограѓанска кујна. Оваа празна и монотонаприказна, која цвета врз гнилежот на отоманскиот културен ориентализам и политичко-идеолошкиот врховизам и антикомунизам, всушност, ги ослободува медиокритетите од креативност, работа и одговорност за идниот развојот.

Може да се рече со мирна совест дека нашиот малограѓанинот е симбол на застареност, симбол на гнилото средновековно религиозно наследство, на лажните слики и грешните поими, на оној шарен галиматијас што денес како фантом на десничарските политики се јавува низ градската стварност. Сета малограѓанска патетика е само ефтина и остаренапачавра, натопена со евидентни лаги, бесмислени религиозни предрасуди и старомодни глупости. Ламентирањето за вечноста и непроменливоста, за народот и традицијата како елементи што хомогенизираат на определен градски простор е само празен романтизам. Затоа, за градот да биде Град, нужно е будење од „големиот сон“ за минатото, будење од меланхоличната „музика во предвечерието“ преку која се плаче и лелека за имагинарното „славно и големо“ наследствопотребен ни е ничеовски “критичен однос кон минатото“ наспроти „антикварниот и монументалниот“, потребно ни е будење на заспаната сила и енергија на нашите мозоци, потребна ни е сила за непосредно доживување на животот, потребен ни е живот со полн животен еланрадост, потребно ни е дејствување во насока на новото и прогресивното.

 

 

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

 

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани