АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола се наоѓа пред уште една фискална година, а на крај на уште една исклучително лоша година, не толку по приходите кои ја погодија општината, туку по она што оваа година, многумина од нас нема да ја памтат по ништо добро, туку ќе сакаат истата што е можно побрзо да ја заборават. Година, која, ако ја отценувате со оценка од еден до десет, ќе добие чиста, како солза, единица.
Новата година сите ја чекаме со надеж за запирање на пандемијата, на враќање на старата нормалност, со надеж дека повторно ќе одиме на театар, на кино, во сала на ракомет и кошарка, на вечерни седенки, на маса во кафеана со повеќе од четири лица, на нормални седници на советот и нормална и вистинска комуникација, лице во лице, онака како што беше пред неколку месеци.
ГОЛЕМА СРЕЌА
Голема среќа е тоа што како општина не преживеавме силни удари од пандемијата, па така и наредниот буџет е со речиси исти бројки, како и минатиот. Општината ќе потроши 35 милиони евра од кои скоро 50% се пари кои ќе поминат низ општинската каса, како наменски донации, и ќе завршат за основното и средното образование, детските градинки, зоолошката градина и старскиот дом. Најголемиот приход се даночните приходи и приходите од уредување на градежно земјиште, а голем дел од 2,5 милиони евра заземаат и капиталните приходи.
Многу добра работа е тоа што од вкупните расходи кои ќе ги потроши општината, најголемиот дел се капитални расходи дури 35%, а од нив дури 80% ќе бидат потрошени за градежни објекти. Во овој дел, значајно е да се напомене и големата ставка за отплата на кредитот земен за касарната, кој оваа власт започна да го исплаќа.
ПРОЕКТИ
Проекти кои ќе бидат реализарани со новиот буџет, е почетокот на решавање на големиот проблем со сместувањето на децата во градинките, односно изградбата на новата градинка во касарната со капацитет на сместување од 230 деца, по сите светски стандарди. Стадионот ќе биди завршен во пролета 2021 година, ќе продолжи помошта кон спортските клубови, па ако помине ова чудо, до година, полн стадион, полна ракометна а и кошаркарска сала. Градот ќе биде многу поосветлен и многу побезбеден со новото осветлување, ќе се реновираат неколку месни заедници и неколку училишни игралишта.
Улиците „Рузвелтова“, „Борис Кидриќ“, „Смилевски конгрес“, „Тошо Даскало“, патот до Пелистер, неколку нови детски паркови на различни локации, „16-та“, патот до Буково се ова ќе се реализира со пари од Буџетот за 2021. Поради тоа, на крајот на наредната година, Битола ќе биди и поосветлена и поинфраструктурно средена и многу поразлична од денес.
Пишува Валентин Груевски претседател на Советот на Општина Битола
(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)