Webp.net gifmaker

Циркус не ни треба (пишува Валентин Груевски)

Март 19, 2020
Валентин Груевски Валентин Груевски

Деновиве целиот свет ги живее можеби најтешките денови од Втората светска војна. Парализиран, изолиран, уплашен, а уплашена е и Македонија. Според сите проценки, состојбата ќе потрае подолго време, а сите ние треба да се навикнеме на новите правила на живот, на економската криза која ќе настане после ова, на проблемите кои ќе се јават во сите сфери на животот.

Според она што досега може да се види, е дека институциите, и локалните и државните, сериозно се занимаваат со проблемот, иако сите сме свесни дека, покрај од нашето лично однесување, се ќе зависи и од однесувањето на другите, на нашето опкружување и како се однесуваат луѓето околу нас.

Политиката

Овде и сега нема место за политика . Некои тоа го разбраа сериозно и така се однесуваат . Некои се уште мислат дека е игра и сакаат да си играат. И си играат таму каде што нема место. Најразлични барања, ниту поткрепени, ниту осмислени, само колку да се каже нешто, колку да се има да се напише нешто на социјалните мрежи, за да се биде актуелен и „духовит“. И за тоа, ќе разберам дел од „сеирџиите“, ама не и луѓе кои се членови на институции и претставуваат граѓани?  Да се контролирале влезовите во градот? Само за појаснување, короната не е видлива, не се застанува со полициска палка и свирче!

Ми се гади од  помислата, дека некој ќе биде среќен,  ако на пример во Битола се појави, или се појават случаи  на корона, само и само да ја докаже својата теза дека тука ништо не функционира, дека сите се неспособни, дека само неговото пишување по фејсбуците и инстаграмите е врвното научно достигнување и единственото правилно  и вистинско нешто во светот. Според , нивните поматени логики цела Европа и сите градоначалници се неспособни. Предничат Милано, Барселона, Венеција, Мадрид...

Седница за сликање и за парада нема да има

Седница на совет во ситуација кога сме на прагот на Вонредна состојба во државата не може да има и не треба да има. Не затоа што ситуацијата е супер, туку затоа што не можеме да донесеме никаква одлука која може да ја подобри ситуацијата. Ако целта е да си направиме слика со маски на нас, и како сите сме седнати во општинскиот двор,  тогаш нема потреба од заседавање.

Ако некоја институција има итна потреба од некоја наша одлука, тогаш да, можеме и да „состанчиме“, и да одржуваме седници. Седница за сликање и за парада нема да има. Во овој момент на никој не му е потребен циркус и  лажна грижа. Ако сите индивидуално си го преземиме  нашиот дел од одговорноста, и се однесуваме согласно со препораките на Владата, тогаш последиците ќе бидат помали. А дека последици ќе има, сигурно ќе има.

Затоа сите да си останеме дома во овој период и да направиме сѐ, да ја намалиме опасноста која не e видлива, aмa e екстремно опасна. 

Пишува: Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани