2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ЛИДЕР се раѓа – НЕ СЕ УЧИ ! (пишува Зоран Николовски)

Април 26, 2021

“Дајте ми еден лав за водач, и сто овци.

Ќе ја добијам секоја битка ”

Александар III МАКЕДОНСКИ

Дали лидерот се раѓа или (можеби) може да се изучи, е стара дилема од памтивек. Стара можеби колку и човекот. Јас не се сомневам во тезата и ја немам дилемата “ДАЛИ” ?.....

Да ја имате дилемата, дали лидер се раѓа, е исто како да ја имате дилемата дали Поет се раѓа, дали Уметник се раѓа, дали Доктор се раѓа. СЕ РАЃА ! Немајте дилема, бидејќи не постои факултет или било која друга образовна институција на планетата земја, која може да го “направи”, Никола Тесла, Леонардо Да Винчи, Александар Флеминг или било кој друг гениј.

Ете, веќе ги слушам некои неистомисленици, како се обидуваат да ме демантираат велејќи: “Ами нели талентот е 1%, а работата 99% ?” Точно. И јас се согласувам со тоа. Но, (секогаш има едно “НО”), постојат луѓе што се талентирани до глуждовите, луѓе што се талентирани до папокот, и луѓе кои буквално “се капат” во талентот, а сите се трудат подеднакво 99%. И сега ?..... Со образовните методи што важат за сите, оние што “се капат” во талентот, ќе имаат неспоредливо поголеми резултати, поголем прогрес и ќе се истакнат многу повисоко над останатите. Затоа на вагата на вистинските вредности, секогаш повеќе ќе “тежат” тие 1%.

Карактерните особини што го красат секој лидер се одржувањето на зборот, и постојаната потрагата по вистината. Затоа лидерот секогаш е спремен за протективност кон својата околина и на саможртва за другите. Лидерот стои исправено, гордо, секогаш со крената глава, и никогаш не се крие зад никого.

Нему (на лидерот) најважнa му е ЧЕСТА. Неа никогаш нема да ја извалка и ќе се бори за неа, додека дише. За лидерот не важи поговорката: “Наведната глава, сабја не ја сечи”, бидејќи нему поважна му е невиноста од главата ! Не помалку се значајни и неговите стручни квалификации, затоа што луѓето му веруваат на оној, во кого се сигурни дека знае што прави. Само на тој начин се стекнува довербата, при изборот на одредена личност за лидер.

За лидерот нема пречки и проблеми што не можат да се решат. Тој храбро влегува во коштрец со ризикот и реагира и тогаш, кога другите немаат храброст за тоа. Решителноста и упорноста не ги напушта лидерот, се додека не ја оствари својата визија, својата цел. А бидејќи лидерот е постојано во трка со визијата, тој секогаш ќе биде пред другите. Единствениот проблем на лидерот (ако може да се нарече проблем), е тоа што неговите желби се секогаш поголеми од можностите. Но, тој многу умешно ќе ги реши и тие проблеми, онака, на “лидерски” начин.

Сте виделе ли некогаш чистокрвно, расно куче (како лидер во кучешката раса) да лае ? НЕ ! Нема ни да видите. Расното куче, си ја гледа работата, си ја знае вредноста и знае (на нему својствен начин) дека е во центарот на вниманието. Гордо оди по улицата. Не лае. Лаат само оние другите сорти...

Должното внимание од околината, лидерот ја заслужува со дено-ноќна работа и посветеност. Затоа, центарот на вниманието е “резервиран” за лидерите. По тоа ќе ги препознаете !

Уметник се раѓа, поет се раѓа, физичар се раѓа, астронаут се раѓа..........

Затоа сум убеден дека и ЛИДЕР СЕ РАЃА – НЕ СЕ УЧИ !

Пишува: Дипл. Инг. Арх. Зоран Николовски

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани