Тишина! За Битола се зборува (Пишува Зоран Николовски)

Јули 06, 2021

Јас сум од Битола. Роден и растен тука. Можеби Вам тоа не Ви значи, ама мене – МНОГУ ! Горд сум на мојот град, од многу причини за кои можам да зборувам до сабајле; Градот на Конзулите, клавирите, спортот, Саатот, архитектурата, Ајри Демировски, Кирил Македонски, песните.....и уште многу, многу причини. Еве една од многуте, една од (можеби) најважните причини...

Битола од секогаш била град за почит. Град над градовите. Овде (во непосредна околина на Битола), е пронајден најстариот арте-факт, во Неолитот (праисторија), 6000 години, пред наша ера. КУЌАТА ОД ПОРОДИН ! Овој арте-факт, е најстар во Европа. Еве малку историја...

Во осумдесеттите години на минатиот век, на просторот на европските држави престојуваше Проф. Г-ѓа Марија Гимбутас, светски познат археолог, со потекло од Америка. Таа од секоја држава (меѓу кои и Македонија) собираше мали парченца, арте-факти од Неолитот (праисторија), ги носеше во Америка, и таму во три референтни лаборатории ја испитуваше нивната старост, со Ц14 - изотоп на Ураниум. Подоцна, како резултат од исцрпното и темелно истражување, таа напиша книга за праисторијата, и (на околу триста страни, А4 формат), ја опиша праисторијата во Европа. На насловната страна на нејзиното капитално дело (со тврд повез), е КУЌАТА ОД ПОРОДИН ! Таа тврди дека целокупната европска цивилизација започнува од Пелагонија, од БИТОЛА. Ова го докажува најголемиот светски научник-археолог од Америка – Проф. Марија Гимбутас.212144308 159868406099960 1005723372877531778 n

КУЌАТА ОД ПОРОДИН има правоаголна форма со кров во форма на полуцилиндар - хиперболичен параболоид. Тешко е да се изговори, а неспоредливо потешко е да се направи такво нешто.

Инаку, куќата од Породин е надземна градба, за разлика од сите други куќи од овој период, во околните држави. Тие биле половина вкопани во земја – земуници. КУЌАТА ОД ПОРОДИН има силно изразена естетика, а тоа најдобро може да се види при дизајнот на вратата и прозорите.

Овој величествен, уникатен и неповторлив арте-факт, е изложен во музејската поставка во битолскиот Музеј.

И уште еден куриозитет: Пред неколку години, на веб страницата на Национална географија, во рубриката – “Сакам да знам”, ( “I want to know”) некој прашал : “Каде и кога е направена првата плескавица во Европа ?” Одговорот( на конзилиумот стручни лица и доктори од разни области), од оваа телевизија бил: “Првата плескавица е направена во праисторијата (Неолитот), во битолскиот регион, во Пелагонија – Република Македонија”. Ех, каква привилегија е да си од Битола !

 Дипл. Инг. Арх. Зоран Николовски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани