АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Многу често слушам изјави од типот : Немам среќа, не чувствувам радост, зошто мене?!
Сите аларми во мојата глава почнуваат да ѕвонат. Ми иде да прашам неколку прашања кои ми навираат :Од кога се чувствуваш така? Во врска со што? Што се ти треба за да бидеш среќен? И најважното од нив Што те спречува да осеќаш среќа?
Среќата е одлука. Таа цврсто стои до нас кога ние ќе ја земиме одговорноста за сопствениот живот во свои раце. Тоагаш стануваме свесни за своите избори и одлуки, па и кога не ги правиме и тогаш правиме избор да не ги направиме. Ние сами себе се осудуваме да се чувствуваме лошо, да патиме и страдаме и најчесто не прифаќаме нешто онакво какво е, а неможеме да го промениме. Едно нека ви стане јасно Вие не сте задолжени да ги менувате оние околу Вас, вие сте задолжени себе да се менувате за ваше добро. Она што го гледате надвор има своја презентација внатре во Вас во зависност од животно искуство, околности, воспитување, едукации, особености и сл. И тоа за секој од нас е единствено.Што ставаме во фокусот тоа и ќе добиеме.
Првата работа да се вратиме кон себеси е љубовта кон себе. Радоста е наша природна состојба се додека по патот на растењето ја забораваме некаде и се убедиме себе дека не сме доволно добри, не заслужуваме, не сме доволно вредни. Секој има моќ да ја промени својата ситуација. Ако се убедиме себе дека каде што постои проблем постои и решение и ќе го најдеме.
Луѓето често забораваат на себе во трката со животот. Се критикуваат, се потценуваат, се нарекуваат себеси глупави. Да ве прашам: Кога последен пат си честитавте сами на себе за нешто? Нели во текот на еден ден правите милион работи?
Закоравените ментални шеми и одредено однесување кое го имаме, а не го сакаме е најтешко за менување, но не е невозможно. Потрудете се со соодветна поддршка да зачекорите кон љубовта, простувањето, сопствените ресурси гледајќи со чист поглед во иднината и донесете цврста одлука дека секој ден ќе направите по еден мал чекор кон сопствената моќ кој ќе направи голема разлика. И допуштете си себе да сте среќни затоа што никогаш нема да сте совршени. И не треба да сте.
Ако не го направите Вие тоа за Вас кој би можел да го направи?
Среќата е избор кој секој ден може и немора да го направиме. Ако милион нешта ни пречат дали сте ги побарале другите милион кои можат да ве израдуваат? Од таму се почнува......пробајте нема ништо да загубите, само ќе добиете.
Зашто среќата е ОДЛУКА.
Билјана Галовска,
професионален коуч и НЛП практикант