2win800x200

Ракометниот гигант „Веспрем“ од Унгарија, вечерва ќе допатува во Битола, пред утрешниот натрпревар во СЕХА лигата со „Еурофарм Работник“, кој ќе се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“. „Веспрем“ кој е двократен СЕХА победник и актуелен европски вицешампион, доаѓа со целиот свој потенцијал, за првпат е во Битола, па се очекува овој натпревар да биде вистински магнет за битолската публика.

Половина  Битола вечерва петнаесетина минути остана без струја.

Пожарите кои беснееја вчера во Битолскиот регион се под контрола, а на терен се пожарникарите на ТППЕ Битола и јавните претпријатија да спречат евентуално повторно активирање на огнот. Пожари вчера речиси истовремено избувнале во Беранци и Лопатица, а поради сериозноста на ситуацијата надлежните побарале и активирање на воздухпловите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Јавното претпријатие за паркинзи денес отпочна  со наплата на паркинг услугите на зонското паркирање  во трите зони А, Б и Ц. Со овие паркинг места и затворените паркинзи, претходно  6 години управуваше приватен концесионер

-Гледајќи ја состојбата во образовните установи во различни општини, Битола  долго време беше запоставена од претходнаа власт во однос на капитални инвестиции и во однос на средства што се наменуваа за реконструкции и опремување на училиштата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани