Битолската ВМРО-ДПМЕН на прес конфернеција праша дали членови на управните одбори на јавните претпријатија во Битола   не се појавувале на состаноците, но земале пари што не ги заслужуваат

Јавната набавка за фотоволтаиците на ЈП Пазари, од ВМРО ДПМНЕ денеска ја нарекоа скандалозна и обвинија за злоупотреби. Од ЛДП му одговорија пред да зборуваат за злоупотреби, од ВМРО ДПМНЕ да се извинат за 12 годишното постушење на градот.

Општина Битола реагира на одржаната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, за  транспарентноста на Општината, а во прилог на оваа реакција испрати и табели и истражувања

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на вчерашниот прес на СДСМ за транспарентноста на Општина Битола.

„Институциите на системот работат транспарентно кога овозможуват засегнатите страни и пред се јавноста да има навремен пристап до информациите кои ги креираат овие институции. Какво однесување една институција како општината ќе продуцира во јавноста, во голема мера зависи и дали на време ги завршила обврските кон граѓаните. А дури потоа и колку ќе им го подобри животот на битолчани во конкретниов случај. Тука забележуваме дали создале транспарентно услови за нови странски инвестиции за задржување на нашето младо и работоспособно население.

Уште со доаѓање на власт ја изгубивте довербата на битолчани. Јасни се вашите намери. Може да се пофалите со вашата нетранспарентност, пристрасност кон поединци за што говорат и посочуваат многу факти. Свежо ни е сеќавањето од вчерашните поплавени улици, неисчистени шахти и лоша инфраструктура. Сето тоа не потсети на се уште  неисплатените штети од поплавите од јули минатата година. Да не зборуваме за конкурсот за велосипеди,итн.Срамно и жално е да се лажат битолчани. Транспарентност, тоа е ваша лоша страна“, пишува во реакцијата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани