2win800x200

ВМРО-ДПМНЕ  на прес конференција обвини дека актуелната власт си поигрува со македонските земјодлеци, затоа што, тврдата дека не им се исплатени субвенции за сите категории, додека пак мерката „зелена нафта“ за опозицијата е популистичка.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во придружба на координаторот на локалниот огранок во Битола Иванчо Тошевски и други панинари денес се искачија на врвот Антена на Пелистер. Ова беше дел од активностите за одбележување на 29-от роденден од основањето на ВМРО-ДПМНЕ Битола. Тие го посетија и споменикот Пирамида посветен на македонскиот алпинист Димитар Илиевски Мурато од каде се протега прекрасна глетка кон Преспанското Езеро.

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини локалната власт и СДСМ дека во опозиција и во предизборната кампања ветувале обнова на планиарскиот дом „Копанки“, но не преку одземање на неговата сопственост од ПСК „Пелистер“.

-Сите одлуки донесени во минатите состави на Советот на Општина Битола кои беа неопходни во процесот на легализација и утврдување на сопственост на планинарскиот дом „Копанки“ се донесени со конзензус од страна на сите членови на Советот. Во тие состави членови биле градоначалникот Петровска, координаторот на советничката група на СДСМ Илиевски, претседателот на Совет Груевски, и претседателот на СДСМ во Битола Златко Ќурчиевски. Од нив истите додека беа во опозиција и во текот на предизборната кампања постојано слушавме дека се залагаат за решавање на проблемот преку директна финансиска поддршка од страна на Општина Битола за во рамки на постојната ситуација, а не преку одземање на правото на сопственост на ПСК „Пелистер“ врз планинарскиот дом Копанки, рече Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

Тој  рече дека членовите на ПСК „Пелистер“ не се членови на политички партии, туку планинари и побара одговори на прашања за кои како што рече битолчани го знаат одговорот.

- Дали и зошто цело време наназад како власт ја обструирате реконструкцијата на "Копанки" од страна на ПСК Пелистер? Дали позади ова решение стои нова афера со уцени од типот на Коки и Кики само сега режирана од Ваш коалиционен партнер? Дали крајната цел е приграбување на "Копанки" од страна на лице кое е близок роднина на висок функционер од актуелната власт, праша Тошевски.

На прашање  зошто планинарскиот дом не беше реконструиран по неговото опожарување во 2013 година и легализацијата на објектот во 2015 година иако за тоа имаше  ветувања, Тошевски рече „зборуваме за правни процедури кои во минатото требало да се испочитуваат“.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци Стевче Стевановски воедно е и претседател на Општинската изборна комисија во оваа општина, која е одговорна за законски спроведување на престојните претседателски избори.

Жители на пелагонската општина Новаци прашуваат дали Стевановски законски и морално може да ги извршува и двете функции без при тоа да не се повреди начелото на непристрасност.

„Лобира за еден од кандидатите за претседател, а е главен на ОИК“, велат жители од Новаци

Тие велат дека Стевановски во предизборието е активен во населените места и лобира за еден од кандидатите за претседател.56664537 10218831855133644 2553676688210788352 n

(Фото: Од предизборните активности за претседателските извори, на фотограгијата се и локалниот координатор Стевче Стевановски и претседателот на паријата ВМРО-ДПМНЕ. Фотографијата е од фб страницата на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци) 

Стевче Стевановски, од 2015 година е вработен во Општина Новаци на работно место советник за легализација на земјоделско земјиште, а од 2016 година е избран за претседател на ОИК во Новаци. Додека пак, лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Новаци е од 2013 година.

Стевановски: „Тоа што сум претседател на Општинскиот комитет, нема врска со ОИК“

Стевановски за Апла.мк вели дека не гледа конфликт на интереси што во исто време е претседател на ОИК и претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Новаци.

-Досега како претседател на ОИК во Новаци сум поминал и парламентарни и локални избори и референдумот. Не сум имал никакви забелешки од ДИК за мојата работа. Законот е јасен, јас можам да ја напуштам позицијата на претседател на ОИК , само заради здравствени причини или патување во странство. А ако некој намислил да ме менува, тоа нема да се случи, зошто работам професионално и по закон. Ми останува уште една година од мојот мандат како претседатл на ОИК-Новаци и тоа значи дека останувам на оваа позиција. Тоа што јас сум претседател и на ВМРО-ДПМНЕ , тоа нема врска со моите активности, вели за Апла.мк Стевановски.TNT 8385

(Фото: Еден од митинзите на кои и Груевски говореше во Новаци, а на кој беше присутен и сегашниот претседател на ОИК ) 

Од ДИК велат случајно бил избран

Од ДИК за Апла.мк одговорија дека законот не предвидува судир на интереси од ваков вид кога претседател на ОИК е и претседател на политичка партија во едно населено место.

„Во случајот нема законски пречки. Во изборната администрација се избираат лица по случаен избор од редовите на државните службеници. Предвидено е во законот од кои органи не може да се членови во ОИК, но не за ваков случај“, рече портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска.

Таа вели дека досега не им било алармирано за друг ваков случај како во Новаци.

И други високи партиски функционери биле први луѓе на ОИК

Во другите општини во Пелагонија нема друг случај претседател на партиски огранок да е и претседател на Општинската изборна комисија. Но, сепак на чело на комисиите има и лица кои долго време биле партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Таков е примерот со Могила каде претседател на ОИК е Славко Велевски кој дури четири мандати беше градоначалник на Општината од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Правниците гледаат конфликт од морален и етички аспект

Стручњаци од правната фела за Апла.мк велат дека со извршувањето на двете функции се доведува во прашање објективноста и непристрасноста.

-Од формален аспект можеби е во ред што лицето во исто време е претседател на ОИК и претседател на политичка партија во таа општина, но од морален и етички аспект тука би можело да има конфликт на интереси ако говориме со политички речник. Тоа е една слична ситуација кога еден судија се иззема од предметот заради тоа што е во роднинска или било каква друга врска со еден од странките во тој предмет. И самиот закон предвидува „други околности што би влијаеле на пристрасноста“. Некои закони треба да се ревидираат зошто вакви какви што се, отворено се доведува во прашање начелото на објективност при постапувањето за време на изборите од лицето Н.Н, вели долгогодишен битолски адвокат. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани