АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Народ задоен со борба за слобода никогаш не умира!“ е пораката на „Споменикот на паднатите борци 1941-1945 “ во село Лавци, Битолско за зачувување на богатата историја на нашата држава и почитување на македонските херои од НОВ.
Овој споменик како и „Могилата на непобедените“ во село Могила и спомен обележјето кај Песјобрдце, Прилепско се дел од успешните проекти за превентивна заштита на спомениците од НОВ, на Министерството за култура.
Селото Лавци има емотивна нишка со министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, бидејќи е родно место на нејзиниот дедо, првоборецот Пецо Гудовски, носител на Партизанска споменица 1941. Посветеноста на Гудовски, како и многу други Mакедонци во тој период, се доказ за издржливоста и решителноста за Македонија да биде слободна денеска.
„Како горда внука на мојот дедо Пецо Гудовски, пораснав со неговите емотивни раскажувања за настаните и подвизите на партизаните и за нивната херојска борба против фашистичкиот окупатор. Веројатно затоа, за мене борбата на партизаните е најсилната асоцијација на борба за слободна на македонскиот народ,“ истакна министерката Костадиновска-Стојчевска.
Инаку, проектот за превентивна заштита на спомениците од НОВ вклучуваше опсежно чистење на спомениците, хортикултурно уредување на околината, обнова на патеките, промена на оштетените плочи на постаментите, комплетирање на натписите на самите споменици, а ревитализирана е и Алејата на народните херои во Могила.
„Од суштинско значење е да се потсетиме и да ја почитуваме пожрвтвуваноста направена од нашите предци. Превентивната заштита на спомениците во Лавци, во Могила и во Песјобрдце не е само почит кон борците, туку и симбол на нашата посветеност за зачувување на богатото историско наследство за иднте генерации“, рече Костадиновска-Стојчевска.
Нашата држава утре ја одбележува 82-годишнината од народното востание - 11 Октомври, како почеток на Народноослободителното движење. Иницијативите како оваа дополнително ја истакнуваат важноста на сеќавањето на минатото и неговото значење во обликувањето на иднината, затоа минатото се памети, историјата се почитува, а иднината се гради.
Министерството за култура продолжува да дава приоритети и да инвестира во проекти кои го нагласуваат значењето на македонското културно-историското наследство.
Во четврток на 12.10.2023 год.со почеток во 20.00 ч. во НУ Центар за култура Битола, вториот долгометражен филм на режисерот Вардан Тозија „М“ ќе има своја премиера пред битолската публика. На премиерата ќе присуствува дел од екипата на филмот.
“М“ е фантастична бајка за осамено, осумгодишно момче Марко, кое е во потрага по љубов низ мрачниот, дистописки свет на нашата блиска иднина.
Режија: Вардан Тозија
Сценарио: Вардан Тозија, Даријан Пејовски
Актерска екипа: Сашко Коцев, Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ-Вејзовиќ, Тони Михаловски, Оливер Митковски, Верица Недеска, Владимир Тулев, Жаклина Петровска, Благој Веселинов, Борис Дамовски, Јасмина Билаловиќ, Михајло Миленковски.
Проекциите на филмот ќе бидат во големата сала:
Проекции во голема сала:
Четвр. 12.10.2023. 20:00
Петок 13.10.2023. 22:00
Сабота 14.10.2023. 20:00
Понед. 16.10.2023. 20:00
Вторник 17.10.2023. 20:00
Среда 18.10.2023. 20:00
Светскиот ден на стари лица, први октомври, Секцијата на жени од Здружението на пензионери Битола, Новаци и Могила го одбележа скромно, со посета на старите лица сместени во Јавната установа за стари лица ,,Сју Рајдер“ Битола. По тој повод Секцијата донираше сезонско овошје за штитениците на домот.
„Средбата и разговорот со нив беше топла и добредојдена. Им посакуваме здравје и долг живот, со желби повторно да се сретнеме“, рече Даница Петличкова, претседателка на Здружението на пензионери од Битола.
Во организација на Комисијата за образование на СДСМ од Пелагонискиот Регион, денеска во Небрегово, во родната куќа на Блаже Конески беше одбележан Светскиот ден на учителот, 5 Октомври.
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на прес-конференција во Владата соопшти дека од денеска (3 октомври) во 12 часот е отворен системот за електронско пријавување на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година. Системот за пријавување ќе биде затворен на 6 ноември во 12 часот.
На прес-конференцијата беше кажано дека и оваа година електронското пријавување целосно ќе се спроведува преку Националниот портал за е-услуги.
„Главните приоритети за секоја дејност или област остануваат исти – квалитет, иновативност, креативност“, рече Костадиновска-Стојчевска, која ги посочи новините и промените што се напревени во Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година, за кои како што рече, ќе дадат дополнителен квалитет.
Министерката за култура објасни дека следејќи ги потребите и трендовите, Министерството за култура за 2024 година направи дополнување на постојните дејности и области со нова буџетска програма – креативни индустрии.
„Тоа значи дека во предлог-буџетот за 2024 г. ќе се отвори нова програма, со посебни финансиски средства. Условите, правилата и приоритетите за пријавување во новата програма за креативни индустрии се објавени на веб-страницата https://www.google.com/url?q=http://uslugi.gov.mk&source=gmail&ust=1696423517502000&usg=AOvVaw2YMCdrdLScJcVnkAxE4GG-">uslugi.gov.mk. Да напомнам дека овој посебен конкурс се однесува само на областите и активностите кои се дел од креативните индустрии, кои не се опфатени со други конкурси и кои досега немале можност да бидат финансирани“, рече Костадиновска-Стојчевска.
Таа нагласи дека, ако креативноста се потенцира како една од најважните вештини во промените на новото време, поттикнати од четвртата индустриска револуција, ние тој чекор мора да го фатиме.
−Креативните индустрии стануваат битен двигател на економиите, креираат нови работни места, носат профит, но се и промотори на културниот идентитет. Поставувањето на нова буџетска програма која ќе ги поддржи креативните индустрии е влог во нашиот интелектуален потенцијал и уште една системска поддршка на културната индустрија. Зашто креативноста, иновативноста и оригиналноста се „тројство“ што културата ја издигнува на пиедесталот во т.н. нова економија. Тоа го препознаваме и затоа отвораме нова буџетска програма наменета за креативните индустрии− истакна Костадиновска-Стојчевска.
На Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2024 година, во заштитата на културното наследство ќе има 3 посебни пријави по дејности кои досега беа на иста пријава: библиотечна дејност; музејска дејност и нематеријално културно наследство; заштита на недвижно културно наследство и на аудиовизуелни добра.
Како што објасни Костадиновска-Стојчевска, целта е да се поедностави и да се олесни процесот на пријавување, критериумите, мерилата за оценување на пријавите и начинот на финансирање не се променети, станува збор само за посебни пријави.
Меѓу другите новини, министерката за култура информираше и дека во Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2024 година, во делот за меѓународната соработка е предвидена финансиска поддршка на иницијативи и проекти кои се во насока на унапредување на стратегискиот дијалог со САД, унапредување на соработката со државите членки на иницијативата „Отворен Балкан“, како и проекти што се во функција на поврзување со дијаспората.
„Приоритет ќе имаат и проектите што ќе нѐ промовираат во градовите- европски престолнини на културата во 2024 г., како и во земјите претседавачи со Европската Унија во 2024-та. Го прошируваме и списокот на поддршка, котизација за членство во меѓународни организации и асоцијации. И овие измени, во делот на приоритетите и условите во меѓународната соработка, се објавени на веб-страницата https://www.google.com/url?q=http://uslugi.gov.mk&source=gmail&ust=1696423517502000&usg=AOvVaw2YMCdrdLScJcVnkAxE4GG-">uslugi.gov.mk“, нагласи Костадиновска-Стојчевска.
Таа потенцираше дека искуството од минатите годишни конкурси покажа зголемен интерес за детска литература на македонски јазик и токму затоа на денешната прес-конференцира ги охрабри авторите и илустраторите да го зголемат својот придонес во квалитетот на овој конкурс.
„Сакам да ги охрабрам и младите автори, кои и натаму остануваат во фокусот на нашето внимание“, дополни министерката за култура, која потсети дека системот автоматски го „препознава“ невниманието на корисниците кон општите услови и правила за тоа со колку проекти можат да конкурираат по дејност.
Како што рече Костадиновска-Стојчевска, ова го нагласува, за да не се случи да пропаднат добри проекти поради невнимание.
Техничките упатства и поддршката при регистрирањето, корисниците ќе можат да ги најдат на веб-страницата https://www.google.com/url?q=http://uslugi.gov.mk&source=gmail&ust=1696423517502000&usg=AOvVaw2YMCdrdLScJcVnkAxE4GG-">uslugi.gov.mk, како и преку контакт-центарот на овој национален портал.
Помош во делот за пријавите, од стручен аспект, корисниците и оваа година ќе може да побараат во секторите во Министерството за култура. Контактите со конкретни лица по области и нивните е-адреси се објавени на веб-страницата на Министерството за култура (https://www.google.com/url?q=http://kultura.gov.mk&source=gmail&ust=1696423517502000&usg=AOvVaw3GUTaLADmIFS4SxMuWxbxZ">kultura.gov.mk).
Решенијата за прифатени, за одбиени или за отфрлени проекти, корисниците ќе ги добијат по електронски пат, преку Националниот портал за е-услуги.