АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски и пратеникот Илија Димовски, најверојатно ќе бидат двата кандидати кои влегуваат во најтесниот круг од партиската битка за наследник на досегашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Австриската амбасадорка во Македонија, Ренате Коблер, во придружба на австриската почесна конзулка Валентина Илиева, донираше книги во Австриската библиотека во Битола.
Зошто не се жртвуваше една Новогодишна забава на плоштадот Магнолија за да се купат врати во средното Медицинско училиште во Битола? Зошто наместо концерт на Хераклеја не се пренаменија парите за тоалети кои не протекуваат, па училниците да не мора да учат во смрдеа на моч? Зошто место за коктели и репрезентации парите не завршија за обезбедување на школите, купување на хигиенски средства, нагледни материјали? Место за екстерното тестирање да се користеа за одблокирање на сметките на школите.
Поставена е новогодишната елка висока над седум метри која за време на празниците ќе го украсува центарот на градот. Покрај елеката, деновиве предновогодишно беа накитени и градските улици. Дел од украсите се од ланската година зашто новата локална власт наследи долг од околу 13 милиони евра што треба во иднина да се плаќа, па за жал тоа ќе се одрази и врз прославата на Новата година. Веќе е најаевно дека за новогодишната ноќ нема да се трошат големи суми пари како што тоа беше практикувано низ минатите години , туку дека ќе се организира скромен дочек.
Лајонс клубот Битола по 11 пат викендов го организираше традиционалниот црно-бел бал, најголемиот лајонистички настан и во Дистрикт 132 и во поширокиот регион.
Познатиот битолски фотограф Коста Дупчинов во Магазата во Битола ја постави својата изложба „Носталгија“. Таа содржи фотографии од препознатливи места во десет градови низ Македонија, кои постепено исчезнуваат од модерниот лик на градовите, но ќе останат во колективната меморија на жителите. Меѓу фотографиите за Битола се и берберницата во чаршијата која повеќе ја нема, како и други стари кројачки работилници. Изложбата ќе биде отворена до 16 декември, па сите љубители на убавата фотогрфија и битолски носталгичари можат да ја посетат.
Алал/Ј’зк
Алал за академскиот сликар Никола Славевски кој ја создаде оригиналната инсталација за егзодусот што ѝ се случи на Битола со иселувањето. Инсталацијата пред неколку месеци беше поставена пред споменикот на Филип Втори во Битола, а деновиве е дел од неговата изложба „Обои црвено“ поставена во Фоајето на Центарот за култура. Инсталацијата се состои од скенер за метал како оној на аеродромите, редица куфери и импровизирана авионска карта за лет во странство. На неа на местото патник на англиски пишува млади, заминување- колку што е можно побрзо, а како компанија е наведена „Independent MKD Airlines“.
„Инсталацијата всушност е крикика на процесот на иселување на младите во државата, односно на негрижата на општеството и заедницата за проблемот. Имавме период кога претходната власт беше многу понационалистичка, зборуваше за патриотизам, а мене ми беше нелогично како некој зборува за патриотизам, а не создава услови за живот на младите генерации, на оние кои се иднината“, вели Славевски.
Ј’зк зашто не се создадоа услови битолчани да останат во својот град, да имаат работа и езгистанција, па да не мора иднината да ја бараат по белиот свет. Битола се испразни со иселеничкиот бран во последните години. Нема официјална бројка колку битолчани заминаа, но паралелките во училиштата се празнат како никогаш досега. Не остана семејство во градот кое нема некој роднина што заминал во странство. Се смета дека Битола уште еднаш ја доживува историјата од 20 век кога беше најпечалбарски град во земјава.
И вечерва во Битола мерните станици регистрираа зголемени концентрации на ПМ 10 честичките. Загадувањето се зголемува започнувајќи од 16 часот, кулминација достигнува од од 17 до 20 часот, а потоа бележи благ пад, но сепак вредностите остануваат високи.
Воздухот во Битола беше екстремно загаден со ПМ10 честички вчера во вечерните часови и утрово според мерења објавени на интернет страницата на Министерството за животна средина.
Македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ" во соработка со Центарот за култура во Битола, организираат Божиќен и новогодишен концерт, со настап на вокалната група „Фолклорно друштво и тамбураши на Хрватската читална“ од Херцеговац Хрватска. Концертот ќе се одржи во сабота со почеток од 19, 30 часот во Малата сала на Центарот за култура во Битола.
„Хрватската читална“ е основана во 1921 година и претставува центар на културните настани во општината Херцеговац и околниот регион. Во рамките на „Читалната“ дејствува и аматерскиот театар „Пучка сцена“, фолклорното друштво, тамбурашкиот оркестар и вокалната група. Организатори се на повеќе манифестации со долгогодишна традиција и тоа: „Златен славеј“, фестивал на детска песна основан во 1990 година, Денови на хрватскиот театар , меѓународен фестивал на аматерскиот театар основан од 1995 година. Повеќе претстави од оваа сцена гостуваа во Битола. Вокалната група е основана пред пет години и настапуваат под диригентска палка на Николина Марениќ.
Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“, секоја година традиционално го одбележуваат Божиќ, со гостување на ансамбли и групи од градови од Хрватска или места на Балканот, каде дејствуваат хрватски здруженија. Културните гостувања и соработки траат долги години колку што постои и друштвото „Марко Марулиќ“, се со цел презентирање и запознавање на македонската јавност со богатата хрватска култура и традиција. Изминатите години во текот на своето над 25 годишно постоење, ова здружение организираше многубројни гостувања како на хрватски здруженија, ансамбли и уметници во Битола, така и на македонски театри, уметници, ансамбли во Хрватска.