АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Слушам како сегашната опозиција обвинува за популизам и не можам да си поверувам на ушите. Филмот ми се враќа пред две и пол години во кабинетот на нашиот актер и градоначалник. Пред очи ми излегува еден сертификат чија содржина новинарите не можевме да ја дешифрираме иако беше на англиски јазик. Простете и на нашата маленкост, а можеби и неукост , но не можевме точно да разбериме за што ни е наградена општината. Беа наведени повеќе квалификации, ама се некако описни, ништо допирно. Тогашниот градоначалник ни рече „не прогласија за лидери во Лас Вегас!“
Формирање на привремена советничка комисија која ќе го испита работењето на општина Битола и екс градоначалникот Владимир Талески за периодот од 2005 до 2017 година, побара советничката Габриела Илиевска од „Поинаку“ на денешната седница на Совет во Битола.
На 75 –годишна возраст почина Живко Радевски, поранешниот директор на Битолската млекарница. Погребот ќе биде утре на Светонеделските нови гробишта во 12 часот, а посмртните останки претходно ќе бидат изложени во капелата на цркавата Света Недела.
Радевски беше директор на ИМБ „Битола“ до нејзината продажба. За време на неговото менаџирање со компанијата, млакарницата успеа да постигне голем успех на домашниот и странските пазари.
На битолскиот екс градоначалник Владимир Талески веќе му течи стажот како да е актер, дознаваме од извори во театарот. Правната служба веќе го пријавила на старото работно место и се очекува дури да земи плата за последните денови од месец откомври откако е пријавен како вработен актер..
20 годишното пријателство меѓу Македонија и Германија што го гради Здружението за македонско-германско пријателство и соработка доби уште една значајна потврда преку Монографијата која денес беше промовирана во Битола во присуство на германскиот амбасадор Томас Герберих.
Иднината е во Европската Унија и се што останува надвор од неа ризикува. ЕУ пак останува отворена за интеграција на земјите од Западен Балкан, беше истакнато од европската делегација на денешната изложба “Уште поблиску до Унијата“ организирана во Битола. Изложбата беше по повод 60 годишнината од потпишувањето на Римските договори кои се сметаат за темел на заедничкиот европски пазар и зачеток на Унијата.
Своето обраќање амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, го имаше на македонски јазик.
Од општинските организации на СДСМ најавија дека издвојуваа победа на овие локални избори во пелагониските општини Новаци и Могила.
Пред избирачкото место 193 во село Радобор, во општина Могила, полицијата запре возило и при проверката во багажникот пронајде прехранбени продукти и шишиња со зејтин, јавува ЦИВИЛ – Центар за слобода.
Вандали во текот на ноќта ја демолирале урбаната опрема на битолското шеталиште. Позади себе оставиле пустош, превртувајќи ги и уништувајќи ги жардинерите со цвеќиња, а исто така искршиле и десетина корпи за отпадоци.