АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Коњановски да ги повлече неисправните решенија за данок на имот и да не ја замајува јавноста со цитирање на закони, изјави Жаклина Наумовска , советничка од СДСМ.
На покана на Австриската библиотека од Битола, во НУУБ „Св. Климент Охридски“– Битола, се одржа работилница со љубители на германскиот јазик слушатели од Центарот за германски јазик „Илиеви“ и ученици од средните училишта „Таки Даскало“, Државното музичко училиште и студенти од Меѓународниот славјански универзитет под менторство на професорките Елена Сотиров и Кристина Атанасовска.Работилницата беше на тема „Лектири на германски јазик -читање и разбирање “.
С О О П Ш Т Е Н И Е !
Се известуваат пензионерите од Општина Битола, Новаци и Могила – членови на Здружението на пензионери Битола, дека во мецес мај и почетокот на јуни пред почетокот на високите температури се организира и реализира планираната пролетна екскурзија.
Сите заинтересирани пензионери можат да се пријавуваат кај председателите на ограноците.
Времето и релацијата на екскурзијата ги договараат председателите на ограноците со пензионерите.
Здружение на пензионери Битола
На 13.05.2023 година во Битола продолжија активностите на проектот “FAST FORWARD” во чии рамки се реализираше четвртата работилница од модулот: ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ И ДЕЛОВНО ПЛАНИРАЊЕ - ПАЗАРНА ВАЛИДАЦИЈА НА БИЗНИС ИДЕИ.
За време на работилницата, младите учесници од Пелагонискиот регион ги презентираа своите бизнис идеи разработени во CANVAS формат притоа разработувајќи ги најважните аспекти на секој стартап и тоа: потенцијални клиенти, value proposition, канали на дистрибуција, маркетинг и промоција, потребен инвестициски капитал, расходи и клучни активности.
Со цел поголем импакт од работилницата, за време на истата со учесниците беше дискутирано и за поими и практики кои се од исклучителна важност за раст и развој на секој бизнис во почетна фаза како што се бизнис акумен, лидерство и ефикасна комуникација.
Како и кај претходните три работилници, според коментарите и евалуацијата од страна на учесниците, целта на работилницата беше постигната: учесниците имаа можност да ги разработат и валидираат своите бизнис идеи но и да стекнат нови знаења и вештини кои ќе им помогнат да ги реализират своите претпремачки планови и да ги креираат своите бизнис успеси истовремено применувајќи иновативно размислување и пазарна логика.
Проектот “FAST FORWARD – развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина” е имплементиран од Здружението за унапредување на развојни процеси ПРО ЛОКАЛ од Битола со поддршка од Американската Амбасада во Северна Македонија.
„Постоеше непишано правило кај учениците од Средното ветеринарно училиште во Битола на кој било лош професор да му се избушат гумите. Во исто време, имаше правило никогаш да не се наштети на велосипедот на Владимир Костов, зашто беше толку добар, но и многу опседнат со литература, па не би знаел да си го поправи“, раскажа писателот Божин Павловски една од многуте анегдоти за неговиот поранешен професор, писател и почесен член на МАНУ, Владимир Костов (1932-2023).
Во програмата за култура за 2023 година, во делот традиционални настани/манифестации/фестивали, најмногу пари од Општина Битола доби здружението во сопственост на кумашинчето на братот на Тони Коњановски, Зоран Коњановски, обвинија од СДСМ.
Денес 9 мај 2023 година во 75-тата година од животот почина познатиот карикатурист, новинар и естраден работник Миле Милевски. Работниот век го помина како новинар во весникот на трговското претпријатие „Јавор “ од Битола, а беше познат по тоа што работеше како тапанар и пејач во групата „Боцкин“. По повод неговиот јубилеј 50 години магазинот за хумор и забава „Без навреда“ го објави следниот текст:
50 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ
- Миле Милевски е роден во социјализмот, жртва на демократијата, без споменик на коњ покрај Драгорот кај на Сали мостот.
- Првата карикатура ја објавил во „Остен“ 1969 година. Ја нацртал во студентската населба „Медицинар“ во Скопје. Карикатурата била посветена на еден заболекар кој во количка полна со клешти и други дрангулии оди по улица и вика: Заби поправам. Уште тогаш пред 50 години Милевски предвидува што ќе се случува во здравството денес.
- Објавувал во Студентски збор, Нова Македонија, Трудбеник, Битолски весник, Јеж, Паулиха - Љубљана, Дело, Без Навреда, Слободен печат...
- Учествувал на повеќе светски фестивали и светски галерии во Скопје, Истанбул, Акшехир, Антверпен, Токио, Пескара и Толетино - Италија.
- Безброј карикатури. Над 1500 афоризми.
- Награди: Секоја објавена и хонорирана карикатура.
- Над 100 хумористично-сатирични раскази.
- Повеќе од 50 хумористично-сатирични песни, препеви.
- Член и оснивач на групата БИК (Битолски карикатуристи).
- Беше десет години инвентар во „трудо“, а сега е вработен во ПИОМ.
- Религија: Се колни во извршителките и се крсти за здравје и слава на нивната неславна професија.
- Автор е и изведувач на песната „Минаа 30 лета“ за која го има напишано текстот посветен на вечната болка - печалбарството.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре 10 мај 2023 година од 10 до 12 часот во црквата „Св. Димитрија“, а погребот ќе се изврши на буковските гробишта.