2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битолската пожарна ќе се поднови со 16 дишни апарати, 42 специјални комбинезони за гаснење пожар на отворен простор, комплет со пожарникарски ракавици и чизми. Опремата се набавува во рамки на проектот Јакнење на капацитетите на територијалните противпожарни единици во Пелагонискиот регион (Битола, Прилеп, Ресен).

Центарот за развој на Пелагониски плански регион и Министерството за локална самоуправа на РМ, го потпишаа договорот за реализација на овој проект. Проектот е аплициран до Бирото за рамномерен регионален развој, а вкупната вредност е 4.163.550 денари.

„Поштомување“ е новата книга поезија на битолчанката Биљана Т. Димко во издание на фондацијата „Д-р Димитар Котевски“ Битола, а истата беше промовирана пред широката јавност на манифестацијата ,,Пријатели на фондацијата“, поезија на Широк Сокак 2018.

Позитивна критика за книгата напишаа познатиот лингвист, поет, есеист Радован П. Цветковски и м-р Симона Петровска. Радован П. Цветковски напиша дека Димко во своите стихови отвора нова поетска врата, потпирајќи се на народното и на мисловното по нешто блиски до Блаже Конески.

Секторот за внатрешни работи Тетово и Секторот за внатрешни работи Битола поднесоа кривични пријави против три лица за случајот со оставеното бебе пред влезот од Домот за доенчиња во Битола на втори јули годинава. Пријавите се поднесени против малолетната мајка на бебето, нејзиниот невенчан сопруг и нејзиниот татко.
Поради основи на сомнение дека сторилa кривично дело „напуштање немоќно дете“ поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против  17-годишната мајка од Желино. 

Ако лани на одлагалиште имаше непокриена површина со пепел од 30 000 метри квадратни, сега тоа е сведено само на 5000 метри квадратни, рече Јани Макрадули, заменик министер за екологија на днешната средба со претставниците на невладините организации, пелагониските општини и раководството на РЕК во комбинатот.

Спасувачите од Дирекцијата за заштита и спасување синоќа по полноќ кај Мало Езеро го пронајдоа залутаниот француски турист. Се работи за 23 годишно момче кое вчера попладне само се искачувало на Пелистер. 

Француски турист се загуби на Пелистер, а по него до доцна во ноќта трагаа спасувачи од Дирекцијата за заштита и спасување, дознава Апла.мк. 

Потрагата почна доцна попладнето кога спасувачите мораа да ја напуштат крштевката на ќерката на еден од спасувачите и да тргнат во потрага на Французинот. 
Да го испратиме во историјата и да го заборавиме еднаш засекогаш синдромот да го порекнуваме успехот на другиот. Ова е успех на сите нас без разлика на политичката определба, порача премиерот Зоран Заев на општо народната прослава по повод поканата за членство во НАТО што вечерва се одржува во Битола. 

Колумните што историчарот Александар Литовски ги пишуваше во периодот од 2015 до 2017 година, како општествно политичка дијагностика на дотогашниот режим, а според рецезентите со својата острина беа како глас во пустината, испечатени се во книгата „Нашето националистичко пијанство“.

Книгата која на 516 страници содржи 106 колумни на авторот Литовски, беше промовирана синоќа во битолската Магаза во присутво на претставници од државната и локалната власт, пратеници, историчари и други општествени дејци од Битола. Тоа се колумни што докторот по историја Литовски ги пишуваше во неделникот „Глобус“ и во весникот „Слободен печат“.

После деценија порази, после години минати во изолација и неизвесност, Македонија денес гордо чекори напред. Стануваме дел од големото евроатланско семејство на кое вредносно и цивилизациски му припаѓаме, изјави на прес конференција генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

 

Забрзување на активностите за поставување заштитни филтри на РЕК „Битола“, беше една од темите за кои денес на работната средба зборуваа градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска и државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани