АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола бара финансиска помош од Владата за да се справи со проблемот на бездомните кучиња. Во 2022, за оштета на граѓани каснати од кучиња Општината исплатила 2,885,115 денари или 47.296 евра.
АПЕЛ до граѓаните од СВР Битола
Во периодот на започнување на првите подготовки за претстојната пролетна сеидба, кога има зголемена раздвиженост на нивите и интензивно чистење на отпадоците, забележани се појави на палење на стрништа и сува вегетација (трева, жбунови и слично), најчесто без непосредна контрола со што се предизвикуваат несакани последици.
Токму затоа, Секторот за внатрешни работи Битола апелира до земјоделците, но и до сите други граѓани да бидат постојано внимателни ако се движат или работат во полето и посебно да не палат огнови, кои брзо можат да се прошират, особено ако времето е ветровито. Во спротивно ќе се соочат со ригорозни законски санкции, односно со соодветни поднесоци зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.
СВР Битола презема координирани превентивни и други мерки, навреме да се пресретнат можните причини за пожари, а во наредниот период ќе бидат засилени и планираните контролни активности на поширокото подрачје.
Исполнет е заветот на плодниот писател од Битола, Радован П. Цветковски (1931-2022) и целата негова архива и творечки опус е предаден од страна на неговиот внук во Државниот архив - Одделение Битола.
Починал во 2022 година по кратко боледување
Исто како и минатата година, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници организира бесплатна пешачка тура во најпосетените туристички центри.
Поводот за овој настан е одбележувањето на Светскиот ден на туристички водичи кој се одбележува секој 21 февруари.
Лиценцирани водичи на ден 19.02 ќе ви ја претстават Битола онака како што тоа го прават пред многубројните туристи. Во период од околу два часа, со голема посветеност, љубов и локал патриотизам, ќе ви ја доловат Битола онаква каква што некогаш била, центар на овај дел од Европа.
Ќе имате можност да ја слушнете приказната за Офицерскиот Дом, Мустафа Кемал Ататурк и неговата тинејџерска љубов, браќата Манаки, геноцидот врз Евреите, Саат Кулата, Старата чаршија, ликовната колонија Мал Битолски Монмартр...
Првата тура започнува во 11часот од пред Музејот на град Битола, втората тура започнува во 12 часот од пред Саат Кулата. Водичи на овие бесплатни тури се Горан Пинза и Исидор Балојани.
Ве покануваме на една поинаква неделна дружба и прошетка по Широк Сокак.
Поведете ги и вашите најмлади,ве уверуваме дека убаво ќе си поминат.
По обидот на жители од битолски Баир со возило „рено“ деновиве да прегазат полициски службеници, по вторпат во рок од шест дена се случи уште еден сличен настан, овој пат жена со кола се обиде да удри во полицајци. Првиот настан се случи во Битола од група жители на Баир, а за вториот осомничена е жена од Ресен.
Според СВР Битола, вчера околу 22,15 часот во село Грнчари, Ресенско, на патот Макази-Маркова Нога, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Ресен ги лишиле од слобода П. Н. од Ресен и Ф. А. од с. Алданци, Крушевско.
„П. Н. која управувала патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, не застанала на даден знак за запирање од полициски службеници и се обидела да удри во нив. Сопатникот Ф. А. го свртел воланот и ги избегнал полициските службеници, по што го запрел возилото. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, вели МВР.
Само шест дена претходно, Битолската полиција поднесе кривична пријава против осум лица поради напад на полицајци при вршење на работи од безбедноста, а петмина од нив добија мерка притвор.
„На 10.02.2023 во населба Баир, на улица Караорман во Битола, неколкумина лица сакале да ги прегазат полицајците со патничкото возило ‘рено’ во кое се превезувале, а фрлиле и со тврд предмет кон нив, при што повредиле еден полициски службеник. Малку подоцна тие и физички ги нападнале полициските службеници кои вршеле службени дејства“, велат од МВР.
Скопје, 13 февруари: Колкава е вредноста на мудроста, колку е значајно искуството што може да ни го пренесат постарите лица? За возврат, колку е значајно вниманието, грижата и љубовта кои можеме да им ги подариме? Ова е дел од мисијата на новата платформа ЧУВАРИ НА МУДРОСТА (cuvarinamudrosta.mk) каде под мотото „Да ги слушнеме и гушнеме“, Халкбанк АД Скопје влезе во општествено одговорна кампања за поддршка на старите лица. Преку своето искуство и мудрост, наши познати културни, општествени дејци, луѓе од бизнисот, спортот и уметноста, кои и во зрелите години или по пензионирањето се активни, ќе им пренесат совети за оние кои сега чекорат по нивните стапки.
- Кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ ја почнавме токму од нас. Во нашите простории ги поканивме пензионираните колеги кои ни пренесоа прекрасни искуства, нешта кои нема да ги најдете во учебниците. Тоа е целта на новата платформа ЧУВАРИ НА МУДРОСТА. Од една страна да ги слушнеме личните приказни на нашите дејци, а од друга страна да учиме од нивните искуства. Не само во рамките на нашата општествено одговорна дејност, туку како наша генерална определба, луѓето се најважни, од внуче до баба и дедо. И затоа подготвивме интересни и богати содржини за да им покажеме колку се важни – вели Маја Наумовска-Савеска од Халкбанк АД Скопје.
Платформата ЧУВАРИ НА МУДРОСТА има динамична содржина. Во рубриката „Да ги слушнеме“ досега се објавени интервјуа од писателот и публицист Васил Тоциновски, уметникот и хуманист Живко Поповски-Цветин, писателите Љубинка Донева и Киро Донев, новинарите Лилјана Грџо Дамовска и Љупчо Јолевски, Даница Павловска-Циги, архитект, библиотекарката Тања Гошева.
Рубриката „Твоја порака“ е место за вашите зборови. Што би сакале да им порачате на вашите сакани кои се веќе во години? Калин Карајованов вели:
- Сакајте ги додека се тука бидејќи животот е непредвидлив.
Во рубриката „Мудри совети“ издвоени се мисли од нашите дејци:
- Во животот нема случајности. А нивните резултати се аргумент оти зад човекот/авторот стојат неговите дела како единствена етичка и естетска мера за неговите животни и творечки врвици. Значи одговорот е еден: работа, работа, и само работа – вели Васил Тоциновски.
Платформата ЧУВАРИ НА МУДРОСТА и кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ се проследени со одличните илустрации, уште една општествено одговорна акција на Халкбанк АД Скопје која ја поддржува уметноста. Во рамките на кампањата веќе беше спроведена акцијата „На кино со баба и дедо“ во повеќе градови во Македонија, а еден од прикажуваните филмови беше „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски. Во повеќе домови за стари лица беа организирани предновогодишни игранки со наши истакнати естрадни уметници.
Халбанк АД Скопје преку платформата и на кампањата порачува: Во брзото секојдневие да сопреме за миг и тој миг да им го подариме на постарите, на нашето семејство. Кампањата ќе се одвива во различни етапи, во соработка со пензионерски здруженија, домови за стари лица, училишта и градинки низ целата земја. Интегрираната кампања обединува најразлични активности и се одвива на сите канали за комуникација, вклучувајќи ја и документаристичката компонента.