2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

На 15 февруари, во среда, во 18 часот свечено ќе биде отворено Пчеларското здружение „МАРИОВСКО- ПЕЛАГОНИСКИ ПЧЕЛАРИ“ во Новиот пазар на втори кат (веднаш до Гајдарот). На отворањето ќе се одржи и презентација на програма и цели на здружението.

„Сите заинтересирани пчелари ги очекуваме да ни се придружат во среда во 18 часот“, порачаа организаторите.

Судијата Силвана Илиевска која сега е во пензија, ја објави својата прва книга. „Преку тунелот до светлината“ е книга со религиозно-филозофска содржина која се задржува на прашањето за смислата на животот. Промоцијата е закажана за 23 февруари во 18 часот во „Порта џез“во Битола. 

Поднесена кривична пријава против 8 лица поради напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста, пет добија мерка притвор

 
СВР Битола до ОЈО Битола на 10.02.2023 поднесе кривична пријава против Д.М.(20), Д.М.(21), Д.Ќ.(22), Н.Б.(26), С.М.(45), М.М.(39) и двајца малолетници, сите од Битола, поради постоење на основано сомнение за извршено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста“ казниво по чл.383 ст.1 од Кривичниот законик.
 
Имено на 10.02.2023 во 08.00 часот во населба Баир, на ул.„Караорман“ во Битола, пријавените почнале агресивно да се однесуваат кон полициски службеници кои преземале  службени дејствија, сакале да ги прегазат со патничкото возило „рено“ во кое се превезувале, а фрлиле и со тврд предмет кон нив, при што повредиле еден полициски службеник. Малку подоцна тие физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејства.
 
Од страна на Судија на претходна постапка, на С.М, Д.М, Д.К, Н.Б. и Д.М. им е одредена мерка притвор.

„Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски веднаш и без размислување да го разреши директорот на ЈП Водовод, Пеце Милевски.

Ревизорскиот извештај што самиот Коњановски го нарача јасно и недвосмислено покажува отсуство на податоци кои јасно и недвосмислено ги одредуваат задачите и целите на службените патувања на Милевски, отсуство на јасни и комплетни процедури за користење на службените возила во ЈП Водовод, како и отсуство на евиденција за поправките и сервисирањето на возилата што создава можност за неоправдани трошења на парите на граѓаните.

Милевски не е над законот и од одговорност не може да го спасат лелеците на неговата политичка партија. ДПМНЕ Битола колку повеќе се обидува да го спаси лидерот, толку повеќе тони во калта. Наместо во одбарана на Милевски, ДПМНЕ Битола да го охрабри нивни кандидат и сегашен градоначалник на Битола, Тони Коњановски, да расчисти со сите директори на јавни претпријатија кои работеле незаконски.

Затоа, го повикуваме уште еднаш градоначалникот Коњановски да не биде нем набљудувач на случувањата. На крајот, тој ќе ја понесе најголемата одговорност што Битола ќе изгуби четири години во задоволување на партиски цели и интереси на грбот на јавните претпријатија,“ рече советничката Мирјана Захариевска Ралевска.

Денеска (08.02.2023), полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола и Полициската станица од општа надлежност Битола го лишиле од слобода Д.О.(37) од Битола. Тој се сомничи дека на подрачјето на Битола извршил две тешки кражби, при што одзел повеќе предмети. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела. Имал украдено метални делови, појачало и звучници од фонтаната  кај споменикот Филип Втори и канделабри од Шеталиштето. 

Одземените предмети се општински и же ѝ бидат вратени на Општина Битола.

Лицето било задржано во полициска станица.  По целосно расчистување  и документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Во текот на денешниот ден (08.02.2023) во периодот од 08.00 до 12.00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 36 пешаци.

За време на контролата регистрирани се и 4 останати прекршоци.
„Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“, велат од СВР Битола 

„Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки што се одржа во Богота, Колумбија, ни овозможи да си ги одмериме силите со врсници од цел свет и да покажеме дека ние учениците во Македонија со своето знаење и интелигенција сме рамноправни со врсниците од многу поголеми и поразвиени држави“, рече  Искра Нечаковска (15), која беше меѓу четирите македонски учесници што се закитија со бронзени медали на Олимпијадата што се одржа од 2 до 12 декември во Јужна Америка.

329528512 869360577688954 1738949636691367275 n

Нечаковска и Олег Трајковски (16) кој исто така беше дел од македонскиот тим на Олимпијадата, заедно со професорите од Гимназијата „Јосип Броз Тито“, каде овие талентирани средношколци учат, и директорката Лидија Споа денес беа примени во кабинетот на градоначалникот Тони Коњановски кој им честиташе за постигнатиот успех.

„Гости ни се млади личности, добитници на престижно презнание на 19. Меѓународна олимпијада во Богота каде Икра освои бонзен медал, но сите се победници со тоа што таму беше светската елита на млади таленти по приордни науки. Освоија значајно признание што дава надеж дека ќе не биде и дека Битола има потенција. Општината помогна во нивното патување, а ќе продолжиме и натаму да ги стимулираме талентираните ученици. На Битола ѝ требаат кавлитетни кадри и порачуваме да останат во Битола и Македонија“, рече градоначалникот Тони Коњановски.

Тој уште посочи дека веќе е установена јубилејна годишна награда што по повод патронот на Битола, Свети Нектариј, се доделува на талентирани ученици. Лани се пријавиле 200 кандидати, па сега се прецизирани критериумите за да бидат наградени најуспешните.

329809257 1979793145732049 3827849684693846293 n

Нечаковска раскажа дека натпреварот се состоел од три дена, а секој траел по три до четири часа.

„Беше интересно зашто можевме да запознаеме врсниси од другите земји кои сакат природни науки, можевме да се натпреваруваме со нив. Благодарани сме за поддршката што ја добивме од сите професори и горди сме за тоа што го покажавме. За Олимпијадата се подготвуваме уште со државните натпревари, од септември по вториот селекционен натпревар одевме на подготовски на ПМФ во Скопје“, рече Нечаковска.

Олег Трајковски рече дека на натпреварот учествувале 220 учесници од 44 земји ширум светот. А покрај натпреварите имале и дружба.

„Се запознаваме со деца од целиот свет, стекнавме големо знаење, искуство, видовме друг континент и држава. Секоја вечер пред натпреварите се собиравме во ходникот и решаваме задачи, се дружевме почесто со натправрувачите од Србија и Хрватска“, рече Трајковски.

На Олимпијадата имаа и практичен дел. Олег правеше експеримент по биологија - откривање на PH вредност со помош на цвет и откривање на карактеристики на растението кафе, кое е препознатливо за Колумбија, а Искра експеримент по хемија за откривање на вискосзност на течност. Учесниците во македонски тим кои изведуваа експеримент по физика имаа задача преку електрично коло да откријат како работат нервните клетки.

330177627 1338332206956083 7402610169293265891 n

330013429 3444977885727024 8196133067875983432 n

329388655 960764791666802 3288888415657822453 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани