2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Здруженијата кои се занимаваат со географија покренаа  и доставија  барање до МОН и БРО за задржување на географијата како посебен предмет и запирање на концепцијата во основното образование. Иницијативата го носи слоганот „Да кажеме НЕ на уништувањето на ГЕОГРАФИЈАТА како предмет!“

Во барањето пишува дека со новата Концепција во основното образование, географијата целосно се деградира и разнебитува. Географијата е спој помеѓу природните и социо-економските карактеристики на просторот. Со Концепцијата овие две нишки целосно се одвојуваат и вештачки се спојуваат со други предмети, што ќе доведе до несогледливи последици, како по учениците, така и по наставниците.

1.      Не постои факултет кој продуцира кадар за природни науки, остручен за работа по различни модули од областа на биологија, географија, физика и хемија. Сегашниот наставен кадар е недоволно стручен за најголем дел од наставните содржини, бидејќи нема соодветно образование.

2.      Според податоци од  Државниот завод за статистика 2021/2022 од 11 146 паралелки во основно образование има 1238 паралелки во VI одделение. Бидејќи наставниците по географија имаа по  два часа (72часа) ќе се изгубат 1238 часа или 62 работни места. Доколку концепцијата продолжи по зацртаниот план во VII, VIII и IX одделение ќе се изгубат дополнителни 186 работни места, односно 248 наставници по географија кои имаат редовен работен однос ќе останат без работа.

3.      Делови од природната географија (географска положба, планини, реки, езера, клима и сл.) се изучуваат во предметот Историја и општество за IV, V и VI одд., со што, учениците доаѓаат до конфузија за предметот на изучување на природните и општествените науки.

4.      НЕВОЗМОЖНО е интегрирање на географијата со историјата и граѓанското образование, бидејќи и при усвојување на знаења од општествената и економската географија (во склопот на регионалната географија во VIII и IX одделение), секогаш се поврзуваат и се усвојуваат знаења од физичката географија. На тој начин учениците ги осознаваат причинско - последичните врски и специфичностите на соодветниот географски простор.

„Наши основни барања се: 

1. Задржување на статусот на географијата како ПОСЕБЕН предмет (најмалку во следните одделенија VII, VIII и IX одделение) согласно нејзиниот комплексен карактер како научна дисциплина. Односно ИСКЛУЧУВАЊЕ од предметите природни науки и историја и општество.

2. Модуларно изучување на наставните содржини и теми по предметот природни науки во V и  VI одделение (како што беше претходно најавено), а НЕ сите содржини кои се однесуваат на предметите: географија, биологија, физика и хемија да ги предава еден наставник.

3. Воведување на модуларно изучување за географските содржини во предметот историја и општество во V одделение„вели професорот Мите Ристов од Геосфера. 

Иницијативата за задржување на географијата како посебен предмет е доставена до МОН, БРО и претседателот на државата.

Кон Иницијативата се приклучија следниве организации:

  • Здружение на професори по географија на Македонија „Проф.Д-р Љубе Миленковски“- Скопје
  • Регионално географско друштво „Геосфера“- Битола
  • Регионално географско здружение „Проф. Д-р Митко Панов“- Прилеп
  • Независен синдикат за образование и наука – Скопје 

Објавени се резултатите од годинешниот конкурс за избор на композиции ( музика и текст ) за фестивалот „Ех, таа серенада“ 2023, во Битола. Комисијата составена од седум членови, истакнати професионалци од областа на музиката и уметноста, селектираа 17 од пристигнатите 73 композиции. На конкурсот се пријавија еминентни автори и изведувачи што за комисијата претставуваше сериозен предизвик и одговорност. Во понатамошна постапка организаторот ќе направи избор на изведувачи и на аранжери за избраните композиции. Официјалниот датум на оддржување на фестивалот е 24.08.2023 на платото на Офицерски дом- КИЦ Битола.

Во прилог се селектираните композиции за фестивалот
 „Ех,таа серенада“2023.

С О О П Ш Т Е Н И Е !

Се известуваат пензионерите од Општина Битола, Новаци и Могила – членови на Здружението на пензионери Битола, кои се заинтересирани да учествуваат на пензионерските спортски игри 2023 година, да се пријават во Стручната служба на ЗП Битола најдоцна до 15.05.2023 год. за следните дисциплини:

  • Пикадо
  • Табла
  • Фрлање на ѓуле
  • Трчање
  • Стрелаштво
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Скок во место
  • Шах

За сите наведени дисциплини може да се јавуваат жени и мажи пензионери.

Селекција на најдобрите ке врши комисијата за спорт при ЗП Битола по одржани повеке тренинзи.

                                                 Здружение на пензионери Битола

 

 

Повеќе од 20 компании и повеќе од 100 отворени работни позиции беа промовирани на Денот за кариера кој се реализира на 25 април 2023 година на платото во Офицерски дом во Битола.

Основна цел на настанот беше пренос на информации, мотивација и едукација на преку 200 невработени лица од општина Битола да аплицираат и да се вработат во брзорастечки компании, големи компании, мали и средни бизниси, иновативни бизниси и старт ап компании од една страна и компании кои имаат потреба од работници со стручни квалификации, кои нудат слободни работни места.

Денот за кариера ја поврзува бизнис заедницата (промоција на отворени работни позиции) со невработени лица. Другиот аспект на овој настан беше мотивирање на младите да останат во РСМ, да започнат свој сопствен бизнис и/или да се вклучат во едукативни програми и да работат на сопствениот кариерен раст и развој.  Дополнително од страна на МКЦ-Битола, на апсолвентите и дипломираните студенти им се понуди и учество во иновативна дигитална онлајн платформа за претприемничко учење која ќе се реализира од јули до август 2023, а ќе финишира со еднонеделна обука во септември 2023 во Солун, Република Грција. Преку ЕНТЕГ програмата за преприемништво имаме слободни места за 24 учесници од Северна Македонија.

Проектот ЕНТЕГ е во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија 2014-2020  и е партнерска соработка помеѓу Младински културен центар – Битола и COSV Координација на организациите за волонтерски услуги – Прилеп од страна на Република Северна Македонија и Регионалниот фонд за развој на Централна Македонија (водечки апликант) и Техничката комора на Грција/оддел за Централна Македонија од Република Грција

мкц2

На 22.04.2023 година во Битола се случи третата работилница во рамки на проектот „FAST FORWARD“ на тема: ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ И ДЕЛОВНО ПЛАНИРАЊЕ - ПАЗАРНА ВАЛИДАЦИЈА НА БИЗНИС ИДЕИ.

Преку алатките SWОT анализа и CANVAS, на третата работилница беа дефинирани и разработени вкупно 15 иновативни идеи како што се ролетни со фотоволтаици, протеинска исхрана, чистење на индустриски објекти, модна линија со етно елементи, бизнис со недвижности и шише бар а преку примерот на локалниот стартап Cythero и нивната приказна како една претприемничка идеја на штотуку дипломирани средношколци стигна до клиенти како Тојота и BASF, учесниците на настанот од прва рака се запознаа со траекторијата на еден успешен бизнис, од зачеток и успешно лансирање до негово пазарно валидирање, и тоа во интернационални рамки.

За време на работилницата, учесниците учеа за подемите и падовите на претприемачот, предизвиците со кои тој/таа се соочува, но и за задоволството и возбудата кога една идеја се претвора во светски успех.

Според коментарите на учесниците, настанот ја постигна целта: стекнати беа знаења и вештини кај таргетираните млади од руралните средини со кои тие полесно ќе ги совладуваат пречките и стравовите и интелигентно и смело ќе ги креираат своите бизнис успеси практично применувајќи современа теорија и акумулирани искуствa.

Проектот “FAST FORWARD – развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина” е имплементиран од Здружението за унапредување на развојни процеси ПРО ЛОКАЛ од Битола со поддршка од Американската Амбасада во Северна Македонија.

пп3

пп2

По повод големиот верски празник Рамазан Бајрам, Муфтиството на ИВЗ Битола организира бајрамска баклава за сите граѓани во Старата битолска чаршија. Настанот ги спои битолчани од различна вероизповед, сите случајни минувачи имаа можност да се облажат претпрладнево со вкусна баклава и така да ја започнат работната недела. 

336627859 256320073502484 871247764337721923 n

341918133 183057991283011 7237841517158680084 n

342085796 1159214208107872 7816760659549312478 n

Во НУУБ "Св. Климент Охридски" - Битола денеска беше отворена изложбата на 100 книги стари 100 години од фондот на Библиотеката "АЛБИ" - с. Бабино,

Книгата е огледало на збиднувањата низ вековите и човековите стремежи кои се реализираат и живеат во пишуваниот збор - книгите кои се печат на едно време...
 
На изложбата зборуваше м-р Бојан Стефановски директор на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола, сопственикот на библиотеката „Алби“  Стево Степановски, писателот Добре Тодороски и претседателот на ДПМ Христо Петрески.
343182977 790484842682553 5528239317167639246 n
 
По повод Светскиот ден на книгата и авторското право се читаше пораката одОдре Азуле, генерален директор на УНЕСКО и Македонската порака од проф. д-р Ана Стојаноска.
 
Изложбата ќе биде поставена од 24 до 28 април 2023 година.
 
„Овој настан го искористивме да го одбележеме Светскиот ден на книгата и авторското право на симболичен начин со цвеќиња кои директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола им ги ги подари на присутните“, соопштија од Библиотеката. 
342553927 955392235818379 2485800476852299633 n
342972631 221767390456945 6162842569238588990 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани