АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од неговите клупи излегоа стожерите на македонската економија, јубилејот ќе го слават со свечена академија, документарец и публикација.
Од овие клупи се излезени познати директори на стопански капацитети, економисти, банкари... Од Тодор Чаловски, поранешен директорот на „Јавор“, Димче Стефановски од поранешната „Битолска пиварница“, Пеце Илиевски-Пуеро од „Жито Битола“, Вангел Торков од „Фустеларко“, па сѐ до денешни директори, меѓу кои и Гордана Балтова во Стопанска банка –Битола.
Со културни, спортски и едукативни настани, во организација на повеќе здруженија и во соработка со општината, во Битола, се одбележа Меѓународниот ден на Ромите.
На 6 април, Здружението за развој на ромската заедница “Сумнал“, во кафе-бар “Порта Џез“ одржа настан насловен “Биди и ти како…“ на кој присуствуваа млади од ромска, но и други националности, кои дадоа пример за меѓусебното дружење, школување, но и соработка на разни проекти. На настанот, учество зедоа млади Роми кои придонесуваат во нашиот град и претставуваат примери за успешност на младите луѓе. За време на настанот, претседателката на здружението „Сумнал“, Фатма Бајрам Аземоска, му врачи благодарница на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, за особен придонес кон развојот на ромската заедница во Битола.
Вчера, во склоп на проектот БАИР – Здружена акција на Битола за вклучување на Роми, имплементиран од страна на италијанската меѓународна организација COSV, Општина Битола, и Фондација Преда плус, а во соработка со „Ромалитико“ и фудбалскиот клуб „Топ Гол“ од Битола, беше организран Фудбалски турнир на машки и женски екипи. Турнирот со кој се поттикнуваат спортски активности кај ромското население го отвори, заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски.
Денес, точно напладне во организација на Здружението „Ромска ѕвезда“, на Плоштадот Магнолија, се одржа културно - забавна програма со голем број учесници. Настанот го отвори, градоначалникот Коњановски, испраќајќи искрени честитки до ромското население и посакувајќи уште многу заедничка и успешна соработка во повеќе области:
„Ми претставува чест и задоволство да го честитам Меѓународниот ден на Ромите, а со овие настани го потврдуваме она што со години го промовираме, дека Битола е мултикултурна, мултиконфенсионална, дека во Битола, пријателите и луѓето не ги делиме ниту по боја, ниту по политичка припадност. Имаме свои пријателства уште од рано детство, но и нови кои секојдневно ги стекнуваме. Како општина, правиме се да ги подобриме условите и за овие наши сограѓани, како во делот на инфраструктурата, така и во делот на образованието, да спречеме сегрегација и меѓусебни поделби, односно, она што мојата генерација го имаше некогаш, да се биде со своите другари во исто одделение, тоа треба и понатаму да го промовираме, зошто само заеднички можеме градот да си го промовираме во најдобро светло“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, испраќајќи искрени честитки по повод Меѓународниот ден на Ромите.
Општина Битола, во рамките на повеќе проекти и во соработка со повеќе здруженија, овозможува поддршка за различни активности и проекти, меѓу кои се и: реновирање на домаќинства на ромското население, ангажирање на тутори за поддршка на ученици Роми, како и поддршка за дооформување на средното образование на возрасни лица - Роми.
Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа промоција на четири книги од проф. д-р Златко Жоглев кои се наменети за најмалите. Прекрасната литература за деца преточена во четири книги проза: „Портокаловото човече“, „Зајко Бајко и кучето Трајко“, „Мечката и штркот“ и „Снаодливото јаренце“ беа промовирани пред преполната сала. Настанот го водеше проф. д-р Билјана Граматковски, а пред љубителите на пишаниот збор за книгите зборуваа проф. д-р Гордана Стојаноска и проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска кои во кратки црти дадоа осврт на книгите. Сите присутни, од најмали до највозрасни уживаа во интерпретацијата на стиховите од страна на студентките Димитра Десановска и Ивона Вурмевска од Педагошкиот факултет- Битола. Професорот Жоглев инспириран од својата мала внука Дениција ги креира овие книги во кои се сместени илустрации за секој што ја има книгата да може да ужива во читањето и боењето.
Досегашниот генерален директор на ЕСМ Васко Ковачевски си поднесе оставка од прв човек на компанијата поради лични причини.
„Оваа го имавме разговарано уште во текот на минатата година, дека има потреба да се посвети повеќе на своето семејство поради големите работни обврски што ги поминува секој менаџер во една ваква криза во голема компанија која ја снабдува цела држава со електрична енергија. До мене усно, а утре и писмено ќе биде доставена оставката која ќе биде усвоена на следната седница на Влада и ќе биде препорачано нов директор на ЕСМ да биде избран Васко Стефанов, досегашен директор на Пошти, а претходно на Водостопанство, во приватниот сектор, менаџер во техничка логистика на Техничкиот факултет, со големо менаџерско искуство“, соопшти премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес конференција за годишниот извештај на АД ЕСМ за 2022 година.
Премиерот му се заблагодари лично на Ковачевски за вложениот труд во менаџирањето на компанијата во исклучително тешката ситуација поради енергетската криза, трпеливоста, знаењето и трудот што тој и останатиот менаџерски тим го вложија во снабдувањето на државата со електрична енергија.
И министерот за економија Крешник Бектеши му се заблагодари на Ковачевски за големиот труд и истакна дека има само позитивни зборови за вработените во РЕК, ЕСМ и Ковачевски.
„Моја заложба и на претседателот на Владата беше да го убедиме Ковачевски и другите членови на УО да работат до завршувањето на кризата и денес сме во ситуација каде имаме позитивни резултати од ЕСМ кои не беа очекувани ако зборувавме пред шест до осум месеци. Но, тие покажаа дека компанијата може да се носи со енергетската криза“, рече Бектеши.
Директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола м-р Бојан Стефановски потпиша меморандум за соработка со директорката на ООУ „Коле Канински“-Битола, Дијана Толевска Христовска.
Пазарџиите од Новиот пазар во Битола бараат државата да им дозволи во следните три дена да ги продадат веќе набавените земјоделски производи по старите цени зашто ги купиле по повисоки уште пред да биде соопштено дека ќе бидат замрзнати.
„Ќе се уништи земјоделството со овие цени. Тоа што беше стигнато од увоз го набавивме, нас никој не не информира дека ќе бидат замрзнати цените, научивме преку медиуми во понеделникот во 16 часот, а ние на тој ден од сабајле ја порачуваме робата. Владата требаше да не извести една недела претходно за да можеме да ја продадени робата. Како ние сега да ги помириме давачките по 10 000 денари за тезгите кога ни за леб не можиме да извадиме?
Нека не остават овие два-три дена да нема инспекции да си ја продадеме робата што скапо ја плативме. Доматот го купивме 94 денари како сега да го продаваме 70 денари. Требаше прво да се стопира царината каде што врват шлепери што стигаат на кванташки пазар, па доаѓаат во Битола“, рече Валентина Мицеска претставник на пазарџиите од новиот пазар ви Битола.
Тие нивните барања ги испратија до Јавното претпријатие „Пазари“ во Битола, Општината и Владата.